Нобеловците повторно се најдоа на удар на критичката јавност, по молкот на премиерката на Мјанмар Аунг Сан Су Чи за извршените злосторства на тамошната војска врз цивилното население.
Зборот геноцид денес се почесто се користи во различни дневнополитички контексти. Не постојат случаи во кои тој правен поим би можел да се разгледа. Еден таков случај е и оној во Мјанмар.
Обединетите нации објавија детален документ на 440 страници за злосторите кои ги сториле војници регулирани од мјанмарската војска врз цивилното население.
Во злосторствата споменати се силувања, мачења, убиства. Жртвите немаат никакви права, дури ни она за државјанство. Обединетите нации по анализата на доказите одлучиле да отворат истрага за прогласување на геноцид.
Светот е шокиран од премиерката Аунг Сан Су Чи, која е и добитничка на Нобелова награда за мир. Критичарите велат дека наместо коментари за масакрот, Су веќе втор ден во јавноста чита поезија од своите дела за самопромоција. Велат дека таа гази по се она малку кое преостанало од релевантноста на оваа награда.
Нобеловката одбила да ја коментира пресудата, како и желбата за потемелна истрага на нејзината влада. Сепак критичарите велат дека таа ќе мора да објави дека нема никаква контрола во државата и над војската или да ја потврди вината на сопствените сили.
Третата опција е негирање на геноцидот, односно бегање од одговорноста која со оглед на практиките на миротворците од минатото, веројатно е најизгледно да се случи.
Никој не ја обвинува премирката за било што, но одбивањето и игнорирањето на убивањето на илјадници луѓе и етничкото чистење на 700.000 жители во Бангладеш, дефинитивно нема да помогне во јавноста и кај политичкиот противник. Всушност извештајот е толку исцрпен и јасен со шокирачки детали, што речиси е невозможно да не се перципира.
Најлошиот злосторства во 21 век
Силувањата и содомизирањето на жените, затворањето на децата и палењето на куќите со цел да изгорат во пожарот, секојдневната тортура со палките, цигарите и чизмите, минирањето евакуциските рути на бегалци се секојдневица, а ОН заклучиле дека во таа азиска држава злосторот до оваа мера е вообичаен и дека само згаснувањето на војската и процесуирањето на отпуштените војници би можело да вроди со плод.
Аунг Хлаинг е воен лидер кој е ставен на столбот на срамот. Дури 875 сведоци објавиле инкриминирачки податоци за него и неговата војска.
Се смета дека извршил ликвидација на 750 луѓе. Доколку бегалците не успеале да преминат во Бангладеш, бројката би можела да достигне и до 100.000 цивили.
Законите не се јасно дефинирани. Педофилите и некрофилите на ова место не се реткост. За свирепите злосторства најдобро говори фактот дека бегалците и прогонетите се во целост избришани од евиденција, како никогаш и да не постоеле.
Фејсбук е единствената платформа на делување на сите пропагандни канали, па голем број на докази се достапни и на тој сервис. Што ќе се случи на крајот, дали некој од овие случаи ќе биде процесуиран и зошто премиерката долго време калкулира околу јавниот настап во поглед на обвинението е тешко да се одговори.
Текстот Нобеловка го спроведува најголемиот геноцид и етничко чистење во 21 век е превземен од Reporter.mk.