Најголемиот светски пророк Нострадамус, предвидел дека опасниот вирус, коронавирусот ќе се рашири и низ земјата Италија. Досега од овој вирус, кој се појави во декември минатата година, се заразија повеќе од 92.000 луѓе ширум светот. Првпат се појави во кинескиот град Вухан, а неодамна се рашири и во Италија.
Од вторникот, 3 март, најмалку 2036 луѓе ширум земјата биле позитивно тестирани на вирусот САРС-CoV, а 52 лица починале. Со светот кој се бори со епидемијата, на интернет се појавија бизарни гласини и теории на заговор за потеклото на вирусот.
Некои корисници на социјалните мрежи тврдат дека епидемијата ја предвидел и апотекарот од 16 век и писателот Мишел де Нострадам, познат како Нострадамус. Пророкот предвидел напнатост на Блискиот исток, пандемија на коронавирус ширум светот, која ќе се шири како оган, како и за тоа дека следат тешки економски денови.
„Погледнете го Нострадамус. Тој го предвиде дека апокалипсата е пред нас“, пишува еден твитерџија.
„Дали некој размислил за тоа. Тој предвидел дека ќе се појави третиот антихрист. Трамп е тоа. Американскиот претседател е антихрист, а апокалипсата е веќе пред нас“, пишува друг.
„Нострадамус во Centuries 2:53, предупредува: „Голема болест ќе удри на поморскиот град“, ги пренесуваат твитерџиите дел од неговите записи.
Но, многумина се прашуваат дали навистина постојат докази за овие неверојатни тврдења на Нострадамус? Францискиот мистик напишал голем број пророштва во песни познати како кватрени.
Повеќето од нив биле напишани во неговите пророштва Magnum Opus Les во 1555 година. Во една од нив, Нострадамус предупредува на чума која ќе ги погоди бројни градови во Италија.
Centuries III, кватрен 75 гласи: Во градовите Верона, Виченца, Сарагоса ќе стигне голема чума, а лековите се далеку.
Текстот Нострадамус погодил дека коронавирусот ќе се појави во Италија е превземен од Reporter.mk.