Нова теорија за исчезнувањето на Меделин, внукот на познатиот Фројд знаел што се случило?

На денешен ден пред точно 12 години исчезна британското девојче Меделин Мекен. Медлин, која имала само три години, за последен пат била видена во апартман во летувалиште во Португалија. Таа на одмор била заедно со нејзините родители Гери и Кејт. Меделин се смета за најбараното исчезнато девојче во светот.

За нејзината потрага биле потрошени 12 милиони евра, а примени биле повеќе од 8 000 дојави. Полицијата во наредните неколку години го пребарала целото подрачје во летувалиштето Праиа да Луз. Биле активирани и дронови и кучиња трагачи. Но, до ден денес од девојчето нема ни трага ни глас.

Случајот кој ден денес ја мачи светската јавност сега добива нов епилог. Британските медиуми пишуваат дека родителите на Меделин , Гери и Кејт, неколку месеци по исчезнувањето на нивната ќерка, се сретнале со човекот кој можеби имал некакви информации за неа.

Станува збор за сер Клемент Фројд, кој имал куќа на само неколку стотина метри од туристичката населба Праиа да Луз. Фројд на тоа место престојувал неколку месеци годишно, а на тоа место летувал само неколку недели пред исчезнувањето на Меди. Тој ги поканил Гери и Кејт на вечера. Тие се запознале и спријателиле.

Семејството Мекен не знаеле дека Фројд бил психопат и педофил. Тој бил внук на славниот психоаналитичар Сигмунд Фројд, кој бил висок член на британското општество, пишуваат британските медиуми. Фројд бил еден од првите „селебрити шефови“, врвен готвач, а подоцна и угледен новинар и член во британскиот парламент.

Клемент Фројд починал две години по исчезнувањето на малата Меделин, а набрзо по неговата смрт бил обвинет од страна на две жени за педофилија. Една од жртвите била ќерка на негови семејни пријатели.

„Имав шест години кога ме допираше на задното седиште. Беше одвратно“, изјавила една од жртвите Силвија Вусли.

Четири години подоцна бракот на родителите на Силвија се распаднал, а нејзината мајка го замолила Фројд и неговата сопруга Џул Флувет да ја гледаат нивната ќерка. Затоа што Фројд бил почитуван член во општеството, таа не помислила дека нешто лошо може да ѝ се случи на Силвија.

Уште една жена го обвинила дека анално ја силувал кога имала 17 години, а првпат се обидел кога имала 14 години. На службите им станало чудно што таков човек сакал да се спријатели со родителите на Медлин, Гери и Кејт, пишуваат британските медиуми.

Се јавуваат сомнежи дека Фројд летувал во Праиа да Луз затоа што знаел дека во тој дел на Португалија постои добро организиран педофилски синџир, како што подоцна и се утврдилоо. Но, сепак службите велат дека тоа ќе остане вечна мистерија, затоа што Фројд Клемент починал пред десет години.

Првата личност која забележала дека малата Меделин е исчезната е нејзината мајка Кејт. Таа вели дека додека ја оставила да спие со близнаците Шон и Амели (2), таа со сопругот Гери излегле на вечера. Двајцата тврдат дека ги проверувале на секои 15 до 20 минути. Кејт последен пат била да ги види децата околу 22 часот.

„Кога се обидов да ја отворам вратата на детската соба настана провев. Во тие моменти забележав дека Меделин ја нема во креветот. Мислев дека случајно се разбудила, па тргнала да нè бара во нашата соба. Но, не беше ни таму. Тогаш ме фати паника. Се вратив во детската соба и забележав дека прозорецот е отворен“, кажала Кејт на полицијата.

Полицијата која ја барала низ целиот регион добила дојави од Шпанија, Белгија, па дури и Балканот. Понатамошната приватна истрага покажала неверојатни пропусти на португалската полиција. До ден денес не е позната вистинската причина за исчезнувањето на малата Медлин.

Извор: Курир.рс/24часа.хр

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Текстот Нова теорија за исчезнувањето на Меделин, внукот на познатиот Фројд знаел што се случило? е превземен од Reporter.mk.