Во Велика Британија годинава беше одржана конференција на која беа застапени мислења за тоа дека Земјата е рамна, а не тркалезна. На конференцијата учествувале 200 учесници, а можеа да се слушнат необични теории.
Некои од говорниците спомнаа дека единствената реална сила во природата е електромагнетизмот, а не гравитацијата. Други тврдат дека Земјата е како рамна плоча и дека има облик на рамен диск, а не на сфера.
На конференцијата за чија влезница учесниците платиле и по 107 фунти, изненсени се неверојатни теории од типот дека Земјата е рамна плоча со надворешен прстен од лед.
Други тврдат дека Земјата на себе има купола, односно некој вид на кров, па и облик на дијамант. Иако нема никакви научни темели на ваквите тврдења, тоа не им смета и веруваат дека тие размислуваат исправно.
На социјалните мрежи од време на време се полемизира на оваа тема, па можат да се прочитаат разни објаснувања од типот дека:
- Не може да се живее на топката, затоа што луѓето треба да бидат наопаку свртени.
- Водата не може да има заоблен облик. Се пробало и во бројни експерименти на Земјата.
- На која и да висина се отиде, 20, 30, или 40 колометри, хоризонтот е рамен и во висината на ичите нема закривување.
Оние кои веруваат дека земјата е рамна, не го делат мислењето на луѓето во научните кругови и велат дека научниците не лажат кога зборуваат дека Земјата е тркалезна.
Текстот Нови бизарни теории на оние кои веруваат дека Земјата е рамна е превземен од Reporter.mk.