Од Американската Федерална агенција за менаџмент на вонредни ситуации, позната како FEMA, предвидуваат дека наскоро западниот американски брег би можел целосно да биде изменет од разорни мега-земјотреси. Од агенцијата велат дека зоната околу Каскадија претставува најголемата закана по животот на американските жители.
Според нивните извештаи, следниот расцеп би требало да се случи кај Каскадија. Тоа ќе претставува најголемата природна катастрофа која некогаш ги погодила Соединетите Американски Држави.
Каскадија се наоѓа на северозападот на Пацификот и евентуален земјотрес би бил со епски размери. Можеби поголем и од 9 магнитуди, велат од FEMA. Научниците велат дека под тектонските плочи во Каскадија, се наоѓа океанска плоча, наречена Хуан де Фука. Името Каскадија е добиено од ланецот на вулканските Каскадски планини.
Големите земјотреси би биле пропратени со огромни цунами. FEMA предвидува дека најмалку 13.000 луѓе би настрадале за време на земјотресот, а дополнителни 27.000 би биле повредени. Се проценува дека земјотресот би можел да влијае во размер од 140.000 квадратни милји.
Милиони жителите во градовите кои ќе бидат погодени од овие разорни земјотреси ќе бидат раселени. Експертите предупредуваат дека граѓаните од државата Вашингтон: Сиетл, Такома и Олимпија, од државата Орегон: Портланд, Јуџин и Сејлем ќе бидат погодени од силните земјотреси.
Извештаите укажуваат на тоа дека во целина ќе бидат погодени околу седум милиони луѓе. Научниците велат дека во тек се пресметки околу тоа кога Каскадија евентуално би пукнала. Овие бранови патуваат доволно брзо за да бидат детектирани во времетрањето од 30 до 90 секунди, пред другите сеизмички бранови.
Научниците велат дека градот Орегон и Вашингтон ќе се соочат со најголемиот ризик во случај на земјотрес. Исто така велат дека Сиетл ќе доживее вистинска катастрофа. Петнаесет проценти од земјиштето би можело да се излее, вклучувајќи и седумнаесет дневни центри и домови на 34500 луѓе.
Експертите предупредуваат дека критично е енергетското инфраструктурно подрачје во Орегон, шест милји од Портланд, низ кои тече деведесет проценти од државното течно гориво и каде се наоѓаат сите електрични подстаници до терминалите за природен гас.
Лизгањето на земјиштето и потресите заедно би предизвикале пожари, поплави, дефекти на цевките, штета на браните и изливање на опасни материјали. Каскадија не доживеала поголем земјотрес од 1700 година, а експертите се загрижени дека тоа одамна веќе требало да се случи.
Скорешните податоци добиени од мерачите за плима и осека, забележале пораст на сеизмичката активност. Било да станува помал или поголем потрес, експертите велат дека подготвеноста би требало да биде главен приоритет за жителите од пацифичкиот северозапад.
Текстот Од FEMA предупредуваат на силен земјотрес во западен САД е превземен од Reporter.mk.