Кинеските власти почнаа да применуваат нов софтвер за надзор и идентификување на луѓето. Станува збор за софтвер за препознавање на обликот на телото и начинот на движење на секој човек, дури и кога лицето му е скриено.
Полицијата веќе го користи системот за препознавање на движењето низ улиците на Пекинг и Шангај, а користењето на новата технологија предизвика загриженост кај популацијата.
Директорот на компанијата Vatrix, Хуанг Јонгжен, изјавил дека неговиот систем може да идентификува луѓе на оддалеченост од 50 метри, дури и кога тие се свртени со грб или лицата им се покриени.
Овој систем може во целост да ја пополни празнината на системот за препознавање на лицата, која бара фотографија со голема резолуција.
„Системот не може да биде измамен со намерно неприродно движење или на кој било друг начин“, вели Хуанг, кој дополни дека се анализирани сите карактеристики на целото тело.
Од компанијата минатиот месец било соопштено дека се задолжиле за 100 милиони јуни, околу 14,5 милиони долари, за забрзан развој и продажба на својата технологија на препознавање на лицата преку нивното движење.
Кинеската полиција досега го користела системот за препознавање со цел поединечно да ги идентификува луѓето во масата народ и да ги казни оние кои ги прекршуваат сообраќајните правила. Сепак, од таму велат дека не се задоволни премногу со овој систем.
Официјалните лица за безбедност во западната покраина Синјанг каде што преовладува муслиманско население и каде веќе населението е под интензивен надѕор, изразиле интерес за новиот софтвер.
Научници од Јапонија, Велика Британија и во Агенцијата на САД за информациските системи за одбрана, го истражувале софтверот за препознавање на движењето веќе десетина години. Се обидувале на различни начини да го надминат скептицизмот кон можноста луѓето да можат да се препознаат по начиниот на нивното движење.
Текстот Од „Големиот брат“ во Кина никој не може да се сокрие е превземен од Reporter.mk.