Голема тригодишна студија направена од страна на експерти од Обединетите Нации, која ќебиде објавена во мај, предупредува за уништување на шумите, морињата, земјиштата и загадениот воздух, работи кои се повеќе го туркаат животот на Земјата на работ на пропаст.
Во 2018 година биле забележани голем број на застрашувачки предупредувања и закани за климатските промени кои се опасни по животот на човекот. Природата се распаѓа. Поради слободниот пад на системот за одржување на живот на планетата, се соочуваме со масовни изумирања на животински видови и миграции на луѓето.
На тригодишната студија работена во Обединетите нации, работеле повеќе од 500 експерти од 50 земји. Во неа се наведува дека десетина илјади видови се под ризик да изумрат. Повеќето држави ги исцрпуваат природните ресурси со брзина која оддалеку ја надминува онаа на природата и нејзината способност повторно да ги обнови.
Поради тоа загрозен е процесот на одгледување на храна и пронаоѓање на плитка вода, а паралелно со тоа се бележи и порастот на човечката популација насекаде низ светот. Еден од најалармантните проблеми е опрашувањето на посевите за храна, затоа што во сетот има се помалку пчели и инсекти.
Во Северна и Јужна Америка, како што е наведено во студијата, работата која ја извршуваат инсектите, плус наводнувањето од природни извори, вреди повеќе од 24.000 милијарди долари годишно. Ширум светот опрашувањето преку пчелите и другите животни вреди 577 милијарди долари.
Ширум светот се палат и уништуваат шуми, процеси со катастрофални последици по дивите животни и луѓето. Шумите се сечат од Малезија, Индонезија до Западна Африка, за да човекот успее да обезбеди палмино масло, кое ни е потребно за грицки и козметика. Огромни подрачја од Амазонот се уништени, за да се направат места за плантажи на соја и сточни фарми, како и поради дрвната индустрија.
Индустриското земјоделство е виновно за уништување на голем дел од природата“, изјавил Марк Ронсевел, професор од Технолошкиот институт Карлсруе во Германија.
„Системот на производство на храна е во коренот на проблемот. Во цената на храната која ја плаќаме, не е пресметан трошокот на еколошкото упропастување на светот. Сеуште го субвенционираме и рибарството и земјоделството. Уништувањето кое го предизвикува земјоделството ги загрозува темелите на нашиот прехрамбен систем. Извештајот на Обединетите нации предупредува, дека губењето на земјиштето, билките, дрвата и опрашувачите, од типот на птиците, глувците и пчелите, ја поткопува способноста на целиот свет да произведува храна. Човештвото е опседнато со економски раст, а истовремено бројот на луѓе постојано расте, особено во Северна и Јужна Америка, каде до 2050 година, се очекува да живеат 1,2 милијарди луѓе и да се удвои бруто домашниот производ“, вели Ронсевел.
„Природата ќе биде особено здрмана во текот на следните 30 години“, изјавил Џејк Рајс, главниот научник од канадската владина служба за океани и рибарство.
Високата потрошувачка и деструктивна економија, дополнително ќе ги деградира копнените и морски екосистеми, вели Рајс. Таквиот свет човештвото ќе го чини се повеќе за да може да преживее уште една година повеќе, а на крајот под знак прашање ќе биде ставен опстанокот на човештвото.
„Губитокот на дрва, ливади и мочурни шуми е еквивалент на околу 10% годишно од бруто приозводот на светот. Поради тоа изумираат голем број животински видови, климатските промени сè се полоши и ни се заканува шесто планетарно масовно изумирање на животот на Земјата“, е наведено во извештајот на Обединетите Нации.
Текстот ОН наскоро со студија за последиците од уништената природа и климатските промени е превземен од Reporter.mk.