Астероид долг околу еден километар ќе и се доближи на нашата планета на 15 февруари, а се смета дека вселенската карпа е со големината која ја има, може да убие милиони луѓе, во подрачјето на ударот и да предизвика катастрофа на глобално ниво.
Националната управа за воздухопловство и вселена го следи Астероидот 2002 PZ39, кој се движи во правец кон Земјата, со брзина поголема од 57,240 километри на ас и смета дека е потенцијално катастрофален, пренесува „Дејли експрес“, повикувајќи се на Агенцијата НАСА.
Вселенската карпа, за која се проценува дека е широка меѓу 440 и 990 метри, би требало на 15 јануари, околу 11:05 часот, по средноевропско време, да се доближи до нашата планета.
„Ако камениот метеорит поголем од 25 метри, но помал од еден километар, ја погоди Земјата, веројатно би предизвикал локална штета на подрачјето на ударот. Секое вселенско тело кое е поголемо од еден до два километри и кое ќе удри во Земјата, може да предизвика глобални ефекти“, навеле од НАСА.
Се очекува џиновската карпа да помине покрај нашата планета на оддалеченост од околу 5,77 милиони километри. Сепак се чини дека ова е безбедна далечина, а последиците од ударот на таква вселенска карпа можат да бидат погубни, наведуваат од НАСА.
„Со оглед на тоа дека нивните орбитални патови често ја пресретнуваат Земјата, во минатото се случиле судари со објектите во близина на Земјата и треба да сме отворени за можноста на идни судари. Треба да се вложат напори за откривање и проучување на овие објекти, за карактеризацијата на нивната големина, состав и структура и следење на идните нивни патишта и правци“, изјавиле од НАСА.
Откако ќе не одмине, Астероидот 2002 PZ39 ќе го продолжи својот пат во Сончевиот систем и ќе се упати кон Венера, планета на која ќе и се доближи некаде на 14 јуни 2034 година. Сепак засега од НАСА велат дека е рано да предвидуваат, затоа што на 25 август, истата година, вселенската карпа повторно ќе ѝ се доближи на Земјата и ќе помине покрај неа.
Текстот Опасен астероид и се доближува на Земјата, научниците од НАСА се загрижени е превземен од Reporter.mk.