Премиерот на Велика Британија од кралицата Борис Џонсон, има намера да го оствари својот таен план, за кој не знаеле ниту некои од министрите во неговата влада. Тој ќе побара од кралицата да го суспендира парламентот на неколку дена, откако пратениците ќе се вратат на работа и неколку недели пред истекот на рокот за брегзит.
Тоа значи дека пратениците веројатно ќе немаат време да ги усвојат законите кои би моежеле да го спречат премиерот да ја извлече Велика Британија од Европската унија без договор на 31. октомври, пишува „Би-Би-Си“.
Идејата за гаснењето на парламентот позната како пророгација, е доста контроверзна, а критичарите изјавиле дека така пратениците ќе бидат спречени да ја објават својата демократска улога во процесот на Брегзит.
Само мал број на министри на владата, како што наведува „Би-Би-Си“, го знаел планот и дека тоа ќе деведе до големи конфликти.
Велика Британија треба да ја напушти Европската унија до 31. октомври, со или без договор. Премиерот Џонсон тврди дека сака да ја напушти Европската унија споразумно, но е подготвен да си замине и без договор отколку да го пропушти рокот.
Boris Johnson insists Parliament is being prorogued in order to pass new legislation.
The PM says “there will be ample time on both sides of that crucial 17 October summit in parliament for MPs to debate the EU, debate Brexit and all the other issues” https://t.co/txTcvjXOFJ pic.twitter.com/4PQEm0kGH2
— Sky News (@SkyNews) August 28, 2019
Таа позицијата поттикнала голем број на опозициони пратеници да се соберат за да се обидат да го блокираат евентуалниот договор, а за денеска најавија дека имаат намеа да го искористат парламентарниот процес во тоа.
Но, ако парламентот биде суспендиран на 10. септември, ќе има само неколку дена до наредната недела за својот план. Британските опозициони пратеници бесно реагирале на најавата за суспензија на парламентот.
Џонсон, како што пренесува „Би-Би-Си“, го искористија таканаречениот „Краличен говор“, кој е вообичаена формалност во кој се изнесува законодавниот план, за суспензија на парламентот. Одлуката дека тој говор ќе се одржи на 14. октомври, ќе биде донесена во текот на денот.
„Изгледа Борис Џонсон сака да го затвори парламентот за да го протурка брегзит без договор. Ако пратениците следната недела не се здружат за да го спречат, овој ден ќе биде запаметен како мрачен ден за британската демократија“, навела на „Твитер“ шкотската премиерка Никола Стерџен.
Текстот Откриен тајниот план на Џонсон, ќе бара од кралицата да го згасне парламентот е превземен од Reporter.mk.