Британските новинари успеале да добијат пристап до тоалетите во британскиот парламент и со помош на специјални марамчиња да утврдат дека во мијалниците има дрога пренесува Unilad. Неколку членови на британскиот парламент одамна признале дека користат некој вид дога.
Доминик Раб и Андреа Лидсом во студентските денови признале дека пушеле марихуана, додека Борис Џонсон отворено зборувал како во младоста „повлекувал линии“ од белиот прав. Рори Стјуард изјавил дека за време на својот престој во Иран пушел опиум.
Новинарите велат дека кога ги зеле примероците од третиот кат марамчињата станале сини, што укажувало на присуство на кокаин. На вториот кат пронашле траги од дрога, но во помала количина.
Во тоалетот во близина на канцеларијата на Борис Џонсон не се пронајдени никакви недозволени супстанци. Проверката е направена и во баровите во рамките на Парламентот, каде членовите го минуваат поголемиот дел од времето. И таму имало докази дека некој користел кокаин во тоалетот.
Најголемата количина е пронајдена во тоалетот штого користат осум членови во британскиот парламент, понекогаш гости и официјални посетители и новинари.
Портпаролот на парламентот по овој повод изјавил дека парламентот е јавно место кое годишно угостува над милион посетители кои имаат пристап до тоалетите.
Засега останува мистерија дали гостите или домаќините оставиле вакви траги.
Текстот Откриена дрога во тоалетите на британскиот парламент е превземен од Reporter.mk.