Ново истражување открива дека пред 5000 години, жителите во Месопотамија закопале две дванаесетгодишни деца момче и девојче, а околу нивните тела наредиле стотина копја и осум човечки жртви.
Тим на истражувачи им ја одредил староста на шест од жртвите и проценил дека биле на возраст од 11 до 20 години.
Тајната гробница е откриена во 2014 година, навеле истражувачите Брена Хасет и Халук Сагламтимур.
„Иако имаме докази за насилна траума на само два костура, важно е да се напомене дека насилната смрт не остава секогаш трага на костурот“, изјавила Хасетова.
Таа додала дека се чини дека целта на жртвувањето била вербата во тоа дека жртвите по нивната смрт, ќе ги следат или ќе им служат во понатамошниот живот.
Октритието ги оставило археолозите со низа мистериозни прашања?
Кои биле двете дванаесетгодишни деца, за кои се претпоставува дека биле погребани? Дали тие биле жртвувани? Зошто воопшто биле жртвувани?
„Бидејќи 12 годишните деца имале сложен погреб, се чини дека морало да имаат некој важен статус“, напишала Хасетова и Сагламтимур во своите истражувања.