Смртта на познатиот египетски владетел-тинејџер Тутанкамон до ден денес останува голема мистерија. Неговата гробница била пронајдена пред 100 години, а археолозите велат дека неговата смрт станува уште поголема мистерија, особено откако од неодамна ги забележале повредите на неговото тело.
И понатаму останува нејасно дали овие повреди имаат врска со неговата смрт, или се настанати пред или после неа. Во новиот документарец кој е емитувам на „Канал 5“, историчарот Ден Сноу, раскажува дека тој, заедно со неговиот тим, почнале мисија со истражување и испитување на легендарниот гроб на Тутанкамон.
Во еден дел, Сноу открива дека гробницата изгледа прилично тесна и мала и дека има многу недовршени работи во неа, за разлика од останатите гробници. Тој се сомнева дека младиот фараон бил погребан на брзина и дека имало доста добра причина за такво нешто.
„Мислам дека е погребан на брзина. Мислам дека неговиот премиер, ако може да го наречеме така, сакал да го тргне момчето Ај, за да може да ја превземе власта“, вели Сноу.
Неколку недели претходно, египетскиот археолог Захи Хавас на медиумите им објаснил дека Татункамон има повреда на лицето која ја добил од несреќата додека се возел во кочијата, исклучувајќи ја можноста дека кралот бил убиен. Но, не ја објаснил чудната големина на гробницата, која се чини помала од сите останати кралски гробници.
Научниците велат дека смртта на египетскиот крал-момче се смета за мистерија од кога е пронајдено местото каде е погребан, и најдениот позлатен саркофаг. Прв ја нашол британскиот археолог Хауард Картер во 1922 година.
Кралот на 18 династија, Тутанкамон се верува дека власта ја превземал кога имал само 10 години. Во неа се наоѓаат 5000 непроценливи артефакти, вклучувајќи го и саркофагот.
Текстот Откриени повреди кај момчето-фараон Тутанкамон, неговата смрт станува уште поголема мистерија е превземен од Reporter.mk.