Откриени шифри на милиони корисници на Фејсбук

Лозинките на милиони корисници на Фејсбук се пристапни на речиси 20.000 вработени лица во сервисот на оваа социјална мрежа, пренесува британски „Би-Би-Си“.

Истражувачот за безбедност Брајан Кребс објавил вест за неуспесите да се заштитат податоците на 600 милиони кориснички лозинки кои се складирани во текст кој не е посебно кодиран. Тоа се лозинки кои датираат уште од 2012 година, изјавил Кребс.

Тој изјавил дека извор од „Фејсбук“, му кажал за безбедносните пропусти, кои им овозможуваат на програмерите да креираат апликации каде лозинките не се кодирани.

Во соопштението на „Фејсбук“, е наведено дека сега проблемот е поправен со зачувувањето на корисничките лозинки на нивната интернет мрежа.

„Би-Би-Си“ наведува дека „Фејсбук“ им соопштил дека проблемот бил откриен уште во јануари, како дел од рутинскиот безбедносен преглед и дека нивната истрага покажала дека се погодени поголем дел од корисниците на Facebook lite.

 

 

Текстот Откриени шифри на милиони корисници на Фејсбук е превземен од Reporter.mk.