Во изводите на дневникот на покојниот палестински лидер Јасер Арафат пишува дека тој направил таен договор со Италија за мир, односно ненапаѓање на земјите.
Лидерот на Палестина дневник го пишувал цели две децении.
Италијанските медиуми објавиле извадоци од дневникот во кој пишува дека Арафат лажел за да му помогне на поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, за да ги избегне обвинувањата за измами, како и за неговото пријателство со поранешниот кубански лидер, Фидел Кастро, и за противењето на ирачкиот претседател Садам Хусеин за време на Заливската војна во 1991 година.
Деветнаесетте тома дневник, што ги напишал лидерот на Палестинската ослободителна организација, се чувани во Луксембург, а потоа се продадени на една француска фондација, па сега може да се проучуваат.
На нив се потврдува постоењето на актот за ненапаѓање меѓу Рим и ПЛО, конфликт за кој долг период се шпекулира, а кој доведе до тоа Италија им допушти на киднаперите на италијанскиот крузер Akile Lauro во 1985 година да побегнат преку Италија во Белград.
По тој настан, во кој е убиен американски Евреин во инвалидска количка, избил спорот меѓу Италија и САД. Американците барале да им се суди на киднаперите.
Во дневниците се наведува дека тогашниот шеф на италијанската дипломатија, Џулио Андреоти, дозволил организаторот на киднаперите Мухамед Заидан, познат со прекарот Абу Абас, да го избегне испорачувањето во САД и да побегне од Рим во Југославија.
Secret diaries of former Palestinian leader Yasser Arafat reveal relationship with Silvio Berlusconi https://t.co/XTqMuA6lUv pic.twitter.com/5eaXzl1F40
— MaltaToday (@maltatoday) February 4, 2018
На тоа му претходел договор меѓу Палестинците и италијанските власти направен една деценија претходно, според кој Палестинците се согласиле да не извршуваат напади во Италија и палестинските напаѓачи од ПЛО и народниот фронт за ослободување на Палестина слободно да се движат во таа земја.
„Италија е палестински брег на Медитеранот“, напишал Арафат во дневникот. Договорот го склопиле некогашниот италијански премиер Алдо Моро, а го обелоденил поранешниот претседател на Италија, Франческо Косига.
Но, според некои други извештаи, договорот е постигнат во 1973 година, кога премиер бил Андроти, кој наводно бил тајната клучна личност во преговорите со ПЛО. Врз основа на сличен договор и Швајцарија била заштитена од палестинските напади во 70-тите и 80-тите години од минатиот век.
Дневниците напишани од 1985 година, па сè до смртта на Арафат во 2004 година, откриваат дека Арафат ги лажел италијанските обвинители дека примил 10 милијарди лири помош, пари што всушност завршиле во италијанската партија. Не наведува колку добил за возврат, но пишува дека во дневниците ги има деталите за трансферот на парите.
Во дневниците исто така пишува дека Арафат никогаш не наредил терористички напади, туку, единствено, им говорел на другите тие да одлучат кога ќе му го претстават планот.
Арафат пишува и за тајните преговори со Израел, кои довеле до потпишување привремен мировен договор во Белата куќа во 1993 година. За тој договор наредната година Арафат, тогашниот израелски премиер, Џикак Рабин, и шефот на дипломатијата, Шимон Перес, добиле Нобелова награда за мир.
A WORLD EXCLUSIVE STORY
L’Espresso reveals the secret diaries of Arafat. Here’s how the 19 volumes of the diaries the Palestinian leader wrote between 1985 and 2004 change contemporary history https://t.co/mNA4AdLal3 pic.twitter.com/eXaxqxqV38— L’Espresso (@espressonline) February 2, 2018
Арафат за Перес напишал дека е извонредна личност, но израелските медиуми не се сигурни дека се работи за пофалба. Извештајот за дневниците е објавен кога израелскиот новинар Ронен Бергман, наводно, во својата книга ги опишал напорите на Израел да го убијат Арафат вклучувајќи го и планот да се собори авионот за кој се мислело дека во него е палестинскиот лидер.
Во дневниците пишува и за обидите на Арафат да му се спротивстави на ирачкиот лидер Садам Хусеин, но не ги наведува акциите затоа што палесинскиот лидер, наводно, се обидел да ги спречи.
Во едно од своите новински интерјвуа, Арафат открил дека пишува дневник во 1989 година.
„Тие говорат за моите тајни преговори, сè е запишано за идните генерации да разберат што всушност се случило. Мојата должност е да го сторам ова затоа што сум кадар на историјата“, изјавил тогаш Арафат.
Текстот Откриени тајните дневници на Јасер Арафат е превземен од Reporter.mk.