Агенциите за следење на земјотреси откриле голем број сеизмички сигнали ширум светот во мај и јуни 2018 година, кои траеле до 30 минути, но никој досега не открил што истите значат.
Земјотресите и шумовите ги заинтригирале голем број од светските научници, а најновите истражувања покажуваат од каде истите потекнуваат. Голем дел од научната заедница се согласува дека истите се настанати од нов подводен вулкан.
Необичната количина на земјотреси е откриена на островот Мајот во Индискиот океан, во архипелагот Комора, кој наоѓа меѓу Африка и Мадагаскар.
Научниците во рамките на направената студија откриле 7000 тектонски потреси. Ваквите земјотреси се случуваат кога тектонските плочи се заглавени под притисок, се додека се движат една покрај друга. Во мај 2018 година, регистрирани се најголемите потреси кои достигнале магнитуда од 5,9 степени.
Научниците исто така регистрирале 407 долготрајни сеизумички сигнали. Овие сигнали, наречени VLP, имаат долго траење, хармонични се и ниски и потсетуваат на звук на контрабас. Звуците кои траат 20 до 30 минути можат да бидат детектирани иако се наоѓаат на стотина километри оддалеченост од изворот.
Земјотресите и сигналите доаѓаат од местата кои се околу 35 километри оддалечени од источниот брег на островот Маојт. Но, истражувачите не можеле да видат никакви знаци на вулкански активности на ова подрачје, но се сомневаат на можноста на активност на магма.
За жал на овој дел од океанското дно, немало никаква сеизмичка мрежа, што значи дека можат да ги добијат резултатите од мерењето само на островите Мадагаскар и Африка. Но, забележано е и спуштање на површината на островот за 7 сантиметри, што укажува на врската со земјотресите.
Новите сеизмолошки методи, кои истражувачите ги развиле, помогнале да се состави едногодишна временска линија за реконструкција на она што се случило. Нивната студија е објавена оваа недела во спистанието Nature Goescience.
Првата фаза вклучува брзо издигање на магмата од резервоарот кој се наоѓа 29 километри под површината на земјата. Ова отвори канал во океанското дно, овозможувајќи лавата да тече и да започне формирање на нов подводен вулкан, известува „Си-Ен-Ен“.
Во мај во 2019 година, покрај островот се има формирано и вулкан. За време на создавањето на подводниот вулкан, бројот на земјотреси е опаднат, а тлото на островот е спуштено. Тогаш почнале VLP сигналите.
„Ние тоа го толкуваме како знак на пропаѓање на коморите со магма, кои се наоѓаат во близина на брегот на островот Мајота“, вели Елеонор Ривалт, коавторка на студијата од германскиот истражувачки центар за геонаука GFZ. Според нејзините зборови, станува збор за најдлабокиот резервоар на лава кој почнал наеднаш да се празни.
Колку и да звучи драматично, на самиот остров речиси ништо не е забележано. Mayotte е еден од четирите вулкански острови во својот архипелаг и на него живеат околу 260.000 луѓе, е наведено во студијата. Последен пат вулканска активност се случила пред 4000 години
„Со оглед на тоа дека морското дно се наоѓа на 3 километри под површината на водата, речиси никој не ја забележил огромната ерупција“, изјавил Торстен Дахм, коавтор на студијата и професор по геофизика и сеизмологија на Универзитетот во „Потсдам“ во Германија.
Но, и денес постои опасност за островот Мајот затоа што земјината кора е над резервоарот и би можела да продолжи да пропаѓа, што би предизвикало многу посилни земјотреси.
Текстот Откриено потеклото на мистериозните звуци кои се слушаат низ целиот свет е превземен од Reporter.mk.