Отпуштена новинарка која повика на силување на ќерките на приврзаник на Доналд Трамп

Весникот „Ју-Ес-Тудеј“ ја отпуштил колумнистката Чери Јакобус, откако на Твитер објавила повик на силување, насочен кон ќерките на приврзаникот на американскиот претседател Мајкл Капут.

Низ низата твитови кои Јакобус ги објавила на Твитер, се нашол и твитот во кој таа сугерира ќерките на Капут да бидат испратени на остров каде би можеле да бидат злоставувани од разни елитни педофили.

„Нашите уредници испратија порака до Јакобус дека повеќе нема да може да пишува за „Ју-Ес-Тудеј““, изјавил портпаролот на весникот откако го прочитал нејзиниот твит.

„Ја замоливме да ја тргне секоја ознака за „Ју-Ес-Тудеј“ од нејзината биографија“, дополнил портпаролот.

Политичкиот портал „The Hill“ исто така ја избришал секоја врска со Јакобус, која исто така работела за нив како колумнистка. „Hill“ не планира да ги објавува нејзините текстови во иднина. Јакобус беше наш надворешен соработник. Но, не е повеќе“, пренесува порталот во Вашингтон „The Wrap“.

Јакобус понудила објаснување за нејзините провокативни онлајн изјави.

„Мојата објава на Твитер беше одговор на неговите напади кон мене“, изјавила Јакобус која исто така го обвинила Капут дека примила вознемирувачки пораки на твитер во кои републиканецот ја повикувал таа да изврши самоубиство.

Во изворната објава на Твитер, Јакобус почнала лична комуникација со републиканскиот колега Капут.

„Дали вашите ќерки се грди како вас? Или Трамп може да ги употреби на забавите на Епстеин, како би можеле да преживеат кога ќе останат без пари, кога ќе бидат очајни и ќе завршат заедно во затвор поради предавство“, напишала Јакобус.

Јакобус мислела на Џефри Епстеин, срамниот финансиер и мега донатор на Бил Клинтон, кој во 2008 година бил осуден за силување и педофилија и кој завршил 13 месеци во притвор.

Твитер објавите предизвикале брза реакција, особено во конзервативните медиуми, а Капут самиот побарал весникот „Ју-Ес-Тудеј“ да превземе акција.

Јакобус е републиканка и е позната поради губењето на тужбата од 4 милиони долари, за клеветата изречена против Доналд Трамп во декември 2017 година.

Јакобус го обвинила претседателот за уништување на нејзината кариера, поради тоа што на твитер се однесувал кон неа, како кон вистинска кукла.

 

 

 

 

 

 

 

Текстот Отпуштена новинарка која повика на силување на ќерките на приврзаник на Доналд Трамп е превземен од Reporter.mk.