Пад на системот на „Гугл“, „Јутјуб“ и сите сервиси на технолошкиот гигант

Корисниците деновиве не беа во можност да пристапат на ниту еден сервис на Google. Имаше голем број жалби поради проблемите со пристапот на Gmail, Youtube, Google Drive, но и во претрагата на самиот технолошки гигант.

Од Google велат дека деновиве ќе излезат со детални информации за причината за дефектот. Според извештаите и коментарите на голем број корисници, најмногу погодени од падот на сервисите на Google бил САД.

Падот на овој сервис најмногу го погодил американскиот источен брег. Корисниците се жалеле на проблеми во пристапот на услуги како што се Gmail, Youtube, Google Drive, но и на проблемите со самото пребарување на Google.

Според првите информации, повеќе од половината услуги на технолошкиот гигант паднале, а ситуацијата се влошила па во овој момент само Google+ и Google Cloud Search се наведени како исправни.

 

Текстот Пад на системот на „Гугл“, „Јутјуб“ и сите сервиси на технолошкиот гигант е превземен од Reporter.mk.