Пандемијата на новиот коронаирус „Ковид-19“ можел да се предвиди и спречи или во најмала рака последиците да се ублажат многу повеќе отколку сега, вели за BBC Future Брајан Волш, дописник од Axiosa и автор на книгата „Крај на времето: Краток водич кон крајот на светот“.
Тој потсетува дека во октомври 2019 година, била направена симулација во која била вклучена фикционална пандемија предизвикана од нов коронавирус, од кој починале 65 милиони луѓе.
Во изминатите 15 години не недостасувале текстови и студии во кои се предупредувало дека само прашање на време е кога ќе избие нова глобална пандемија, коа вклучува нови респираторни болести.
Во разговор за BBC Future од 2018 година, експертите изјавиле дека веруваат дека постојат милиони неоткриени вируси во светот и дека шансите од следната пандемија да настанат некои нови се прилично изгледни.
Во 2019 година, од Канцеларијата за здравје и услуги била симулирана вежба Crimson Contagion (Гримизна зараза) со замислена пандемија на грип, која избива во Кина и се раширува низ целиот свет и која предвидела дека 586.000 луѓе ќе умрат само во САД.
Според податоците од 26. март 2020 година, потврдени се повеќе од 470.000 случаи на „Ковид-19“ и повеќе од 20.000 починати во целиот свет.
Брајан Волш истканува дека ниту војните, ниту земјотресите, ниту вулканите не убиле приближно толку луѓе колку што убиле вирусите, бактериите и паразитите. Така за маларијата е наведено дека од неа секоја година починуваат околу половина милион луѓе. Јустунијановата чума во шестиот век убила 50 милиони луѓе, веројатно тогаш половина од светската популација.
„Црна смрт“ која веројатно предизвика ист патоген на чумата, усмртила и до 200 милиони луѓе во 14. век. Од големите сипаници само во 20. век починале и до 300 милиони луѓе. Од грип во 1918 година, починале меѓу 50 и 100 милиони луѓе, односно повеќе од Првата светска војна. Од „ХИВ“ заразени се околу 75 милиони луѓе и овој број секојдневно расте, а досега од оваа болест починале околу 32 милиони луѓе.
На прашањето зошто патогените се така ефикасни масовни убијци, Волш ели дека тие се самореплицираат, го инфицираат домаќинот кој станува фабрика за производство на уште повеќе вируси, како што се бактериите кои се размножуваат во соодветната околина.
Со кивање, кашлање или крварење, бактериите се пренесуаат на следниот домаќин, а Кралскиот колеџ во Лондон, проценува дека една линчост со новиот коронавирус, може да зарази од 1,5 до 3,5 други личности.
Луѓето се движат и со себе носат микроби. На крајот на 19. век очекуваниот животен век бил 29 години, а развојот на санитети, вакцини и антибиотици ги има променето сите овие работи.
Сепак, Волш напоменува дека, иако бројот на починати од инфективни болести се намалува, тие не исчезнуваат и дека во изминатите стотина години, бројот на нови инфективни болести, како „Ковид-19“, „САРС“, или „ХИВ“, за се има зголемено за четири пати, а само од 1980 година, се има удвоено.
Тоа се случува од неколку причини. Едната од нив е тоа што бројот на жители на планетата во последните 50 години се има удвоено, а бројот на домашни животни во овој момент е поголем во однос на изминатите 10.000 години, а вирусите лесно преминуваат од животните на човекот.
Микробите еволуираат 40 милиони пати побрзо отколку луѓето. Антибиотиците спасиле стотина милиони животи, но расте и отпорноста на бактериите на нив. Климатските промени се прошириле, а паралелно со тоа и болестите кои се пренесуваат од животните или инсектите како „ЗИКА“ вирусот.
На ширењето на болестите влијае и човечката психологија, па со порастот на движењето против вакцинација на децата, порасна и бројот на заболени од морбили, вели Волш.
Текстот Пандемијата со коронавирусот можела да се предвиди е превземен од Reporter.mk.