Патници кои биле во патнички авион на компанијата „Рајнер“, за време на летот од Будимпешта до Единбург се онесвестувале еден по еден. Сведок на настанот бил дваесет и седумгодишниот Шон Петерсон, кој вели дека ги гледал патниците како почнале да онесвестуваат еден час по полетувањето.
Тој вели дека прва се онесвестила седумнаесетгодишна девојка, која веднаш почнале да ја реанирмираат. По неа, набргу потоа се онесвестил уште едно лице. Шон исто така бил еден од лицата кој се онесвестил во авионот.
„Сите се испаничија затоа што никој не знаеше за што станува збор. Посакувате никогаш повеќе да не се качите во авион. Тоа беше лет од пеколот“, изјавил Шон објаснувајќи дека екипажот донел огромни шишиња со кислород за оние на кои им било потребно.
„И јас се онесвестив и ми требаше кислород“, рекол Петерсон, кој сега бара отштета од авиокомпанијата.
„Нешто не беше во ред. Луѓето се жалеа дека нема доволно воздух. Не знам зошто не извршија принудно слетување“, се жали Шон.
Аеродромот во Единбург потврди дека персоналот давал прва помош за време на летот и дека патниците ги чекала итна помош при слетувањето. Сепак, од авиокомпанијата велат дека немало проблеми со авионот иако патниците не веруваат во тоа. Натамошната истрага ќе покаже дали навистина имало недостиг од кислород во кабината.
Текстот Патници се онесвестувале еден по еден за време на лет во авион е превземен од Reporter.mk.