Анонимниот патник низ времето, кој на социјалните мрежи се претставува како Ноа, повторно се јави на јутјуб-каналот APEK TV. Ноа овој пат се појави за, како што тој вели, да го подготви човештвото за промените што ќе следат во наредните 11 години. Ноа вели дека светот целосно ќе се смени до 2030 година.
Северна Америка воопшто нема да биде онаква каква што ја знаеме сега. Границите ќе престанат да важат не само во САД, туку и во земјите ширум светот. Една по една, сите ќе бидат споени во голема супердржава. Патникот низ времето вели дека прво САД ќе ги избришат границите со Канада и Мексико.
Ноа за себе вели дека доаѓа од иднината, од 2030 година, а се вратил во сегашноста за да ја каже вистината за она што ни претстои.
„Во наредниот период Канада и Мексико ќе се спојат со САД во една држава. Ќе се создаде супердржава, во која Канада ќе биде еден вид округ“, вели Ноа.
Патникот низ времето вели дека феноменот на спојување на нации нема да биде ограничен само на Северна Америка. Во моментов големите светски сили ги финишираат договорите околу спојувањето на своите граници.
Појавата на супердржава ќе се рашири и ќе стане вообичена пракса, пред сè поради тоа што границите во основа и сега не функционираат, вели Ноа.
„Населението во Канада значително ќе се зголемува поради глобалното затоплување, кое во иднина ќе претставува сериозен проблем. Јужниот дел на Канада ќе стане потопол, а во северна Канада температурата ќе биде нормална“, вели Ноа.
„Популацијата во Канада до 2030 година ќе изнесува 44 милиони жители. Луѓето кои ќе живеат во Канада во иднина главно ќе живеат во четири суперграда: Торонто, Монтреал, Ванкувер и Калгари“, вели Ноа.
„Овие градови во суштина ќе претставуваат суперградови. Тие ќе бидат огромни, развиени и, верувајте, тоа ќе биде нешто што ќе сакате да го видите“, вели Ноа.
Наводниот патник низ времето, вели дека ги знае датумите на идните светски настани, катаклизми и важни моменти во иднината. Ноа исто така вели дека се појавил на интернет за да го открие името на идниот американски претседател во 2028 година. Сепак, не се сите убедени во кажувањата на ова момче.
Така на пример, досега Ноа не успеа да ја погоди катаклизмичната снежна бура која требаше да избрише некои делови од САД во јануари годинава. Исто така не погоди ни дека ќе се појават вонземјани.
Текстот Патник од времето сведочи дека до 2030 година нема да постојат граници е превземен од Reporter.mk.