Пет катастрофи што Земјата не може да ги избегне, тврдат научници

На основа на геолошки, метеоролошки и бројни други мерења, научниците предвиделе кои природни катастрофи би можеле да ја погодат Земјата во блиска иднина.

Голема соларна бура до 2025 година

Најголемата природна катастрофа што многу веројатно ќе ја погоди Земјата се заканува од Сонцето. Таа има свои циклусни активности, односно периоди на намалени и засилени активности.

Најголемото неодамнешно празнење е забележано во јули 2012 година, по короналната експлозија, која минала низ Земјината орбита и ја погодила вселенската станица Stereo-A. Земјата еднаш избегна катастрофа во 2012 година, но научникот Пит Рајли на основа на анализите на записите од соларните бури од изминатите 50 години, смета дека следниот пат нема да имаме среќа. Според Пит, постојат 12% шанси да нè погоди ваква бура во следните 50 години.

Голем земјотрес во Калифорнија до 2045 година

Голема американска геолошка студија покажала дека постои голема веројатност од земјотрес со магнитуда поголема од осум степени на Рихтеровата скала. Според студијата, земјотресот ќе сруши сè во радиус од неколку илјади километри од епицентарот. Ваквиот земјотрес се случува еднаш на секои 30 години.

Ќе почне најверојатно од подрачјето на Сан Андреас и ќе уништи сè од југот на Калифорнија до внатрешноста на Лос Анџелес. Владата на САД развила систем вреден пет милиони долари за рано предупредување од земјотрес.

Невидено цунами

Научници од Универзитетот во Лондон, во соработка со експерти на Универзитетот во Калифорнија, со доктор Стивен Ворд на чело на тимот, предвидува дека вулканот Камбре Вијеха на Канарските Острови ќе еруптира и ќе го создаде најголемото цунами во историјата на Земјата.

Тие тврдат дека за време на последниот земјотрес на тоа подрачје дошло до пукање на структурата на вулканот, поради што неговата лева страна е целосно нестабилна. Ако дојде до ерупција, огромни бранови, кои ќе патуваат со брзина од 800 километри на час, за неколку часа ќе стигнат до брегот на САД, Англија и Карибите.

Потопување на источниот брег на САД од 2050 до 2100 година

Ураганот Сенди, кој во 2012 година ги погоди САД, претставува вид на бура што се случува еднаш во 500 години, а вистинската опасност лежи од постепеното зголемување на нивото на морето, тврдат научници од Институтот Вирџинија. Според нивната студија, нивото на море низ источниот брег на САД, флоридскиот Ки Вест, до канадскиот Њуфаундленд, постојано расте од 1987 година. Секоја година се подигнува за околу 0,3 милиметри.

Ерупција на планината Фуџи

Откако земјотресот Тохоку ја помести копнената маса на Јапонија, 20 од вкупно 110 активни вулкани во Јапонија покажаа зголемена сеизмичка активност. Водечку експерти од Јапонија веруваат дека до ерупција може да стигне секој ден, а Јапонија, според мерењата, ќе има по една масовна ерупција на секои 37 години.

На листата на активни вулкани се наоѓа и Фуџи, најголемиот вулкан на Јапонија, кој се наоѓа на 3773 метри надморска височина.

 

 

 

Текстот Пет катастрофи што Земјата не може да ги избегне, тврдат научници е превземен од Reporter.mk.