Пилотите на авионот „Боинг 737“ MAX 8 неколку месеци пред да се случи несреќата во Етиопија, се жалеле на неисправност и дефекти на леталото. Во неделата загинаа 157 луѓе, а пилотите претходно испратиле жалби до американските федерални власти за исправноста на леталото.
Жалбите биле поднесени од пилотите кои летале со авионот во октомври и ноември во 2018 година. Податоците биле внесени во федералната база на податоци. Сите жалби се однесувале на безбедносниот механизам, кој е наведен во прелиминарниот истражен извештај за несреќата во Индонезија во октомври.
Жалбите се однесувале на проблемите со авионите MAX 8, кои во моментите на полетување, пилотите биле принудени да користат автопилот. Пилотите навеле дека посочениот авион непосредно по своето полетување, носот го навалувал кон земјата.
„Несовесно е федералните власти заедно со воздухопловните компании, да продолжат да им дозволуваат на пилотите да летаат со авионите“, пишува во една од жалбите на пилотите.
Во вчерашното соопштение на FAA (Американската федерална агенција за авијација) наведено е дека за време на прегледот на авинот, не е утврдена причината зошто ваквите авиони треба да бидат приземјени.
Текстот Пилоти предупредиле за дефекти на авинот, месеци пред несреќата во Етиопија е превземен од Reporter.mk.