Ужасните моменти од најголемата бродска несреќа која се случила во ноќта на 14 април 1912 година, потонувањето на Титаник, ги опишал Морган Робертсен 14 години претходно во својот роман.
Робертсон во 1989 година ја објавил новелата „Пропастот на Титан“. Во него тој ги опишал идентично ужасите кои ги доживеале повеќето од 1500 патници таа ноќ на Титаник.
Робертсон го опишал бродот во својот роман како непотоплив и еден од најголемите човечки изуми во светската историја. Титан за време на своето патување, исто како и Титаник удрил во санта лед, а потоа потонал.
Сличноста на оваа новела со она што навистина се случило е речиси неверојатна, велат голем број теоретичари на заговор. Уште пострашно е тоа што во романот се опишани и други сличности од реалниот настан.
Бродот во романот бил долг околу 243 метри, а Титаник 269 метри. Брзината на ударот во сантата мраз биле идентични во двата случаи. Сличен бил и бројот на патници во бродовите. Титан пренесувал 2500 патници, а Титанк 2200, иако и едниот и другиот имале капацитет за 3000 патници.
Двата брода биле со британско сопствеништво. И двата брода удриле во санта мраз со десниот предел дел околу полноќ. И двата брода потонале и во новелата и во реалноста на 400 наутички милји од Њуфаундленд. И двата брода немале доволен број на чамци за спасување. Титан бил со 24, а Титаник со само 20 чамци за спасување.
Сепак разликата со бројката на преживеани патници е голема. За време на пропаста на Титан, преживеале само 13 патници. Во случајот со Титаник преживеале 750 патници. Титан пред потонувањето се превртел, додека Титаник се преполовил. Џон бил вистинскиот херој во новелата. Тој на кобната санта мраз, бил убин од поларна мечка.
Такво нешто во реалноста со Титаник не се случува. По трагедијата на Титаник, Робертсон е обвинет дека имал некакви сознанија, со оглед на речиси неверојатната сличност на она што го напишал и она што се случило.
Но, многумина сметаат дека не било премногу тешко и сложено да се предвиди ваквата несреќа, со оглед на големото пространство на Атланскиот океан, кој чува низа на тајни за уништени бродови.
Можноста некои од нив да удриле во санта мраз се чинела многу реална. Сличностите кои се појавуваат се засновани и на неговото познавање за изградбата на бродовите. Не е чудно што во тој момент Робертсон го објавил овој роман, затоа што во тој период, бродовите биле најпопуларни и најсоодветни возила за патување.
Компанијата како што „Вајт Стар Лејн“ ги рекламирале како луксузни пловни хотели, кои ветувале брзина, безбедност и луксуз, нешта во кои не можело да се ужива со копнените превозни средства. Робертсон бил син на капетан на брод и пораснал како момче кое послужувало на бродови. Потоа станал прв офицер на трговски брод.
Својата инспирација ја црпел од големиот број на приказни кои ги слушнал од оние кои работеле на такви слични бродови. Рутата која ја правела неговиот брод, била најкраткиот и директен пат од Англија кон Њујорк.
Сличностите на неговиот роман со вистинската трагедија поттикнале низа на теории на заговор во текот на годините. Меѓу нив имало и такви кои верувале дека бродот бил намерно потопен, за да се избегне создавањето на Систем на федерални резерви (FED).
Многумина веруваат дека бродот бил проколнат затоа што „Вајт Стар Лејн“, немал обичај да ги крштева бродовите пред самата пловидба. Но, без разлика на ваквите теории и понатаму останува неверојатен фактот дека Робертсон ја предвидел најголемата морска трагедија на светот.
Текстот Писател во својот роман ја предвидел трагедијата со Титаник 14 години претходно е превземен од Reporter.mk.