Повеќе од половината критични точки кои би можеле да доведат до долготрајни неповратни промени на Земјата се надминати, предупредуваат научниците. Истите тие претставуваат сериозна закана за човечката популација.
Ова го велат научници од Австралискиот национален универзитет во Канбери, на чело со Вил Стефен. Тие во списанието „Нејчр“, предупредуваат дека девет критични точки би можеле да имаат домино ефект и да предизвикаат климатска катастрофа.
Веднаш откако една или две климатски домино коцки ќе се срушат, тие ја туркаат Земјата во следните критични точки“, навел Стефан во соопштението кое го објавило Универзитетот.
„Се плашиме дека би можело да стане невозможна мисија да се спречи климатската катастрофа откако ќе започне да се руши целиот ред на домино коцки, што би довело до каскада која би можело да биде сериозна закана за постоењето на човековата цивилизација“, вели Стефан.
Критичните точки го опфаќаат губитикот на арктичкиот лед и ледените плочи на Гренланд и Антарктикот, топењето на трајниот лед и уништување на амазаонските прашуми.
„Критичните точки во биосферата би можеле да покренат неконтролирано опуштање на јаглендиоксид во атмосферата кој би го забрзал загревањето и дополнително би ги дестабилизирал ледените плочи“, вели Стефан.
Топењето на ледените плочи би можеле да доведат до неповратен пораст на нивото на морето, од околу 10 метри, објаснува Стефан.
Научниците повикаа на итна акција за да го спречат домино-ефектот. Тие повикаа на посилно делување за поголемо намалување на емисијата на гасови кои имаат ефекти на стаклената градина, од она што е договорено во Париз со климатскиот договор од 2015 година.
„Времето за одговор непрекинато исчезнува“, предупредуваат научниците.
И покрај тоа што повеќето земји потпишаа договор за ограничување на глобалното затоплување на, под два степени Целзиусови, светот е на пат да доживее зголемена просечна температура од најмалку три степени Целзиусови, предупредуваат научниците.
Текстот Планетата на работ на климатска катастрофа е превземен од Reporter.mk.