Теоријата за заговор дека поранешниот нацистички воен злосторник Рудолф Валтер Рихард Хес бил заменет додека престојувал во затвор во Берлин со негов двојник конечно е побиена. Ова го потврдиле направените ДНК тестови од научници во Австралија. Резултати ги срушиле сите тоерии, кои успеале да опстанат во изминатите седум децении.
ДНК тестот кој го спровеле австралиски научници покажал дека човекот кој бил затворен во берлинскиот затвор Шпандау навистина бил Рудолф Валтер Рихард Хес најблискиот соработник на Хитлер.
Хес бил уапсен откако во 1941 година летал во Шкотска ѝ бил осуден на доживтен затвор на судењето во Нирнберг. Во 1987 година Хес бил пронајден обесен во затворот во Берлин. Тој си го одземал животот на 93 годишна возраст.
Истражувачите од Универзитетот во Салцбурк во Австрија откриле негов далечен роднина, маж, од кого добиле примерок на ДНК. Примерокот е спореден со тестовите од примерокот крв од „Затвореникот број 7“, од 1982 година, кој им бил даден од управата на затворот Шпандау. Резултатите покажале речиси совршено поклопување.
Теоретичарите на заговор меѓу кои и еден од лекарите кои биле во затворот да го лечат Хес – Хју В. Томас, шпекулирале дека двојник го заменил Хес во 1941 година, кога Хас побегнал со авион во Шкотска, каде се обидел да склучи мир со Велика Британија.
Хес бил еден од најблиските соработници на Хитлер. Во 1941 година, тој летал сам за Шкотска. Неговиот авион се срушил, па Хес не успеал во очигледно неовластената мировна мисија, која Фирерот ја осудил.
Британците го затвориле за време на војната. На судењето во Нирнберг во 1946 година, Хас бил ослободен од воените злосторства и злочини против човештвото, но бил осуден за злосторствата против мир и осуден на доживотен затвор. Следните 40 години ги минал во затворот Шпандау во Берлин, пред да биде пронајден обесен.
Текстот По седум децении побиена теоријата за двојникот на Рудолф Хес е превземен од Reporter.mk.