Под дебелиот леден слој на Антарктикот откриени повеќе од 470 езера

Научниците под ледот на Гренланд открија повеќе од 50 нови езера, а досега научниците имале сознанија за само четири. Антарктикот под ледот крие 470 езера, но најновите истражувања на американски и британски научници укажуваат дека езера има и во северниот поларен регион.

Не се толку големи, како да речеме езерото Восток, на Јужниот пол, кое е долго 250 километри. Најголемото субглацијално езеро на Гренланд е долго само шест километри, а новооткриените езера се наоѓаат под ледениот покривач дебел неколку километри.

Притисокот и геотермалната топлина успева да ја одржи водата во течна агрегатна состојба, а водата настанала со топење и се задржува во шупливите делови. Ледот се топи од високите температури и се движи кон океаните, а водата го поместува и ледот. Кога целиот гренландски лед би се стопил, висината на океаните би пораснала за седум метри.

Џејд Баулинг од Универзитетот во Ланкастер го проучила подрачјето и ги прегледала 570.000 километри леден покрив, благодарение на податоците собрани од радарот во рамки на програмата на НАСА.

Научниците од американската вселенска агенција редовно ја надледуваат ледената плоча за да ги мапираат облиците на карпа и нивната внатрешност. Нивните податоци укажуваат дека под ледената плоча има многу вода.

Баулинг за време на своите истражувања утврдила дека постојат 54 езера и дека, за разлика од оние антарктичките, групирани околу внатрешните ледени делови, новите гренладски езера воглавно се наоѓаат пред крајот на ледениот покривач кој е стабилен и полека се поместува.

„Тие се значително помали од оние на Антарктикот (1,4 километри со просечна должина)“, вели Баулинг. На неколку места се гледа дека ледот е стопен, но тоа е веројатно затоа што тие делови од езерото се исушени.

„Оваие активни езера се полнат и се празнат, како резултат на подигнувањето и спуштањето на ледот“, вели научникот Стивен Ливингстон и објаснува дека водата од езерата протекува низ сезонските канали и дека краевите на ледениот покривач се мошне динамично подрачје.

Истражувања се планирани на бројни езера на Антарктикот. Се верува дека во овие стари езера се наоѓаат древни организими кои долго време биле заробени под дебелиот слој на лед. Хемискиот состав на водата и седиментите би требао да донесат нови податоци за временските услови на Земјата.

 

Професорот Мартин Сигерт од Лондонскиот Империјал колеџ водел истражувања на антарктичкото езеро Елсворт.

„Ова гренландско езеро не е премногу старо, со оглед дека ледениот покривач значително се има променето во последниот циклус од Ледената доба. Тоа значи дека одговорите кои би ги добиле преку истражувањата на езерото Восток или Елсворт, би биле различни од оние кои би ги добиле со бушењето на Гренланд“, вели Сигерт.

„Споменатите езера се само потенцијални кандидати за проучување и потребни ни се уште податоци за да ја донесме одлуката дали тука е корисно да се спроведат истражувања. Следен логичен чекор би бил да се испита кои езера се најдобри за понатамошните истражувања. Ако се покаже дека постои интерес за науката, на ова место можат да се испратат стручни експедиции“, вели Сигерт.

 

Текстот Под дебелиот леден слој на Антарктикот откриени повеќе од 470 езера е превземен од Reporter.mk.