Покрај Ева Браун, Адолф Хитлер бил вљубен и во неговата внука

Нацистичкиот лидер Адолф Хитлер покрај неговата врска со Ева Браун, бил заљубен и во неговата внука Гели Раубал, ќерка на неговата полусестра Анѓела Хитлер. Историчарите немаат премногу податоци за животот на Анѓела и Гели, но од дневниците кои ги воделе, јасно е забележлива врската меѓу нив и Фирерот.

Адолф на почетокот бил горд вујко и ја обожавал Гели. Често во јавноста се фалел со неговата внука. Ја носел на разни општествени настани, по кафани и кина. Вистината за нивниот однос за историчарите останува мистерија, но во тој период силни биле гласините дека тој бил заљубен во неа.

Кај Адолф секогаш се јавувало чувство на љубомора кога ќе ја видел со нејзините момчиња. Гели и била љубморна на Ева Браун, љубовницата на Хитлер. Љубомората достига до таа мера што на крај ќе резултира со смрт на Гели.

Внуката на Хитлер е најдена мртва во нејзиниот стан, со неговиот пиштол покрај неа. Таа загинала на 23 годишна возраст, но нејзината смрт никогаш не била разјаснета. Не била направена никаква истрага и извршена обдукција.

Некои веруваат дека Гели извршила самоубиство, но постојат заговорници кои сметаат дека зад нејзината смрт стои Адолф. Со тоа не се согласувала Анѓела Хитлер, мајката на Гели, која и покрај антисемитските ставови, му останала верна на својот полубрат. Никогаш не го обвинила Хитлер за смртта на ќерка ѝ.

Анѓела сметала дека Хитлер ја сакал Гели и планирал да ја земе дури и за жена. За Анѓела не постојат премногу историски записи од тој период. Нејзината улога во светските војни останува мистерија до ден денес.

Во тој период таа работела во интернат за еврејски деца. Ги подучувала младите како нетрпеливоста да ја решаваат со разговор, а не преку насилство. Често ги бранела еврејските деца од нападите на ариевските студенти. Но, и покрај симпатиите кон Евреите таа го бранела Хитлер, сведочејќи дека немал никакви сознианија за холокаустот.

Во историските записи е наведено дека Анѓела не ја одобрувала ниту врската на Хитлер со Ева Браун. Анѓела ќе почине на 30 октомври 1949 годна, во Хановер, по претрпениот мозочен удар.

 

 

Текстот Покрај Ева Браун, Адолф Хитлер бил вљубен и во неговата внука е превземен од Reporter.mk.