Филмскиот продуцент Мајк Дорси, кој последните седум години работел на случајот со убиството на популарниот американски рапер во деведесетите години, Тупак Амару Шакур, вели дека полицијата во Лос Анџелес го знае убиецот, но намерно спречува случајот да биде разрешен.
„Залудно е да се преправаме дека не знаеме што се случило. Мислам дека полицијата нема ништо да превземе се додека приказната не дојде до медиумите“, изјавил Дорси.
Дорси ги негира сите теории на заговор за тоа дека Тупак е жив. Филмскиот продуцент кој работел на документарецот Unsolved: The Murders of Tupac and the Notorious B.I.G. и Murder Rap, ја моли полицијата во Лос Анџелес конено да признае и да ги отстрани идеите за тоа дека раперот е сеуште жив.
Тупак беше убиен во 1996 година, откако се враќал од боксерскиот меч на кој напстапувал Мајк Тајсон. Совозач во бел кадилак почнал да пука во колата во која бил Тупак. Американскиот рапер примил четири куршуми во градите, но и покрај тоа што бил на интезивна нега, поради сериозните внатрешни крварења, тој починал.
Сторителите никогаш не беа пронајдени, а наводно биле испровоцирани со песната Hit Em Up, во која Тупак ги навредувал и исплукал раперите од источниот брег, Ноториус, Б.И.Г., Пи Диди и Ли’л Ким.
Дури 23 години по неговата смрт, случајот со убиството сеуште не е затворен. Дорси се сретнал со истражителите, а наводно и со анонимен сведок кој тврди дека Тупак бил застрелан од член на бандата на Орландо Андерсон. Дорси изјавил дека време е правдата да биде задоволена и дека обожавателите на Тупак да ја дознаат вистината.
„Исфрустриран сум затоа што овој случај се влече со децении. И семејството на Тупак сака случајот да биде затворен и да се престане со ширењето на лудите теории на заговор“, изјавил Дорси, кој шест години се занимавал со истражувањето на смртта на славниот рапер.
„Орландо го убил Тупак затоа што во еден момент го понижил и посрамотил. Го удрил во казиното „Син Сити“, а се чини дека Орландо тоа никогаш не можел да му го прости. Со пријателите и член на еден од бандата на Киф Дејвис, се здружил и одлучил да го убие“, вели Дорси и додава дека во атентатот учествувал и раперот Суџ Најт.
Дорси последен пат се нашол со истражителите во Лос Анџелес за да им ги изнесе доказите пред 18 месеци, но полицијата ниту тогаш не реагирала.
„Тупак е мртов. Тоа веднаш да го расчистиме. Сите теории на заговор сега можат да паднат во вода затоа што постојат цврсти докази кои тоа го велат. Знаеме точно кој го уби Тупак“, вели Дорси, кој неодамна со истражителите разменил стотици мејлови за овој случај.
„Веројатно нема да бидат среќни што ова го зборувам јавно, но тие ништо не превземале сите овие 18 месеци. Ми се чини дека немам премногу избор. Ова е поголемо од сите нас. Можеби само сакам поголема правда за Тупак, отколку што сака полицијата во Лос Анџелес. Се надевам дека тоа не е случај и не би требало да биде. Треба да се заврши со случајот“, вели Дорси и додава дека не гледа во што е проблемот, со оглед на тоа дека Андерсон и така загинал во престрелка уште во 1998 година.
„Не можете да му судите на мртов човек. Тој загина и излишно е да се преправаме дека не знаеме што се случило. Мислам дека полицијата нема да превземе ништо додека целата оваа приказна не заврши во медиумите. Треба да бидеме гласни и да зборуваме гласно за тоа. Многу негови обожаватели го прифатија фактот дека Тупак е убиен од бандата Крипс од Камптон, Калифорнија“, изјавил Дорси.
Дорси собрал опсежна евиденција на докази работејќи со поранешниот детектив Грег Кадинг, кој водел тригодишна истрага за убиството на Тупак, но и нападот на Ноториоус Б.И.Г.
Текстот Полицијата го крие убиецот на Тупак е превземен од Reporter.mk.