Португалската полиција вели дека е на трага на педофилот за кој се сомнева дека ја киднапирал малата Меделин Мекен, девојчето кое пред 12 години исчезна од апартманот во хотел во Португалија.
Полицијата вели дека осомничениот не бил дел од педофилската мрежа и дека се смета за одговорен за исчезнувањето на 28 деца во круг од 60 колометри од местото каде малата Меделин била последен пат видена.
Родителите на малата Меделин, Гери и Кејт велат дека новите информации кои ги добила полицијата, стигнале на 12 годишнината од нејзиното исчезнување. По дојавата од Скотланд Јард, португалската полиција го истражува педофилот кој бил на местото на исчезнување на малата Меди во 2007 година.
Полицијата тврди дека била блиску до решавање на случајот со малата Меделин и дека се сомневаат дека девојчето можеби е живо. Според информациите на шпанскиот портал Експресо, осомничениот и бил одамна познат на полицијата, но новите информации од Велика Британија, фрлаат ново светло на целиот случај.
За потсетување, најбараното девојче на светот исчезна на 3 мај пред 12 години во португалското летувалиште Праиа да Луз. Повеќе од 12 милиони евра биле потрошени во потрагата по Меделн, а примени биле повеќе од 8000 дојави. Сепак Меделин до ден денес не е пронајдена.
Во Апартманот 5А кој се наоѓал на приземје, од каде Меди (3) исчезнала девет дена пред нејзиниот четврти роденден, таа спиела со близнаците Шон и Амели (2). Родителите во тоа време излегле да вечераат, но тврдат дека ги проверувале на секои 15 до 20 минути. Околу 22 часот Кејт приметила дека нејзината ќерка не е во собата.
„Кога се обидов да ја отворам вратата од детската соба, забележав дека мојата Меди ја нема во креветот. Помислив дека случајно се разбудила и тргнала да не бара во нашата соба. Но, не беше ниту таму. Тогаш ме фати паника. Се вратив во детската соба и забележав дека прозорот е отворен. Близнаците беа таму, но не и Меди“, изјавила Кејт.
Девојчето од тој ден и се губи секаква трага. Полицијата во наредните години го пребарала целото подрачје околу Праиа да Луз. Местото било гледано и со дронови од воздух. Биле употребени и кучиња трагачи. Полицијата примила дојави од Шпанија, Белгија, па дури и Хрватска.
Нова теорија за исчезнувањето на Меделин, внукот на познатиот Фројд знаел што се случило?
Текстот Полицијата му влегла во трага на киднаперот на малата Меделин е превземен од Reporter.mk.