Во Иран и Кина убиени се над десетина американски шпиони и доушници, откако по грешка на комуникациските служби дозволиле странски непријатели да ги препознаат низ нивната платформата на „Гугл“, тврдат официјални извори.
Во периодот од 2009 година до 2013 година, ЦИА претрпела катастрофален неуспех затоа што нејзините оперативци ширум светот комуницирале на интернет-страниците што требало да бидат тајни, се наведува во извештајот што во петокот го објавил „Јаху њуз“.
Претходно пријавената катастрофа за американските известувачи и нивните доушници ја потврдија 11 поранешни припадници на известувачките служби и владини официјални лица.
„И понатаму се занимаваме со овој пропуст. Поради него се убиени над десетина луѓе ширум светот“, изјавил еден од поранешните официјални службеници за национална безбедност. Некои американски агенти и нивните доушници интернетот како платформа за првпат го користеле на Блискиот Исток за комуникација со војниците во воените зони и истиот не бил наменет за широка примена“, вели извор од ЦИА.
„Таа платформа не е изградена за да ги издржи софистицираните контраразузунувачки напади на државните актери како Кина или Иран. Никогаш не требало долгорочно да се користи за разговор со нашите извори. Сепак премногу долго време се работело со истата и на неа работеле премногу луѓе“, вели извор за „Јаху“.
Грешките почнале да се јавуваат кога Иран наводно бил навреден од тоа што управата на Обама открила тајна иранска фабрика за нуклеарно оружје, па почнал со работа и детална проверка на сајбер-просторот.
Иранците тогаш откриле постоење на интернет-страница која американските агенти ја користеле преку „Гугл“. Американските официјални лица веруваат дека иранските шпиони успеале да го искористат „Гугл“ како алат за пребарување и да откријат тајни интернет-страници на ЦИА, непознати за оние кои не ги користат.
Текстот Поради американска платформа за комуникација, во Кина и Иран убиени десетина шпиони на ЦИА е превземен од Reporter.mk.