Поради ист дефект се случиле две авионски несреќи во кои загинале 356 лица

Министерката за сообраќај на Етиопија, Дагмавит Могес, по добиените податоци од црната кутија на „боингот 737 max8“, изјавила дека ваквата несреќа била многу слична со онаа на падот на авионот од истиот тип на индонезиската компанија „Лајонер“, во октомври минатата година, во која загинаа 189 патници.

„За време на истрагата забележани се очигледни сличности меѓу летовите 302 на ‘Етиопијан ерлајнз’ и летот 610 на ‘Лајонер’“, изјавила Могес на конференцијата за новинари.

Таа прецизирала дека извештајот за причините на падот на авионот ќе биде објавен за 30 дена, но не ги изнела деталите за какви сличности станува збор.

Аудиоснимките од црната кутија на индонезискиот авион „боинг 737 max8“, кој се срушил на 10 март во градот Адис Абебa, а во кој загинаа 157 лица, покажува како пилотите панично го проучувале прирачникот неколку моменти пред авионот да се сруши. Тие се обидувале да сфатат зошто носот на боингот постојано се спуштал надоле.

Две минути по полетувањето, копилотот ги известил контролорите за проблемите при управувањето на авионот. Капетанот го замолил копилотот да побара во прирачникот што пишува за проблемот кој се покажал на контролната табла, а сензорите во последните 9 минути покажувале дека авионот ја губел брзината и паѓал надоле.

Софтверот на „боингот 737 Max8 MCAS“ автоматски го спуштал носот на авионот кога ќе отчита дека летот се одвива многу бавно, стрмно или кога се заканува опасност од губење на брзината.

Капетанот се борел да го подигне авионот, но сензорите и понатаму погрешно отчитувале губење на брзината. Истражителите сега сакаат да откријат зошто системот на темел на погрешното отчитување на сензорите „му наредил“ на авионот да паѓа кон доле и дали пилотите биле соодветно подготвени да се носат со таквата ситуација.

Само еден ден пред трагичната несреќа, службите на авиокомпанијата забележале технички проблеми на истиот авион. Пилотот кој тогаш не бил на должност, вели дека им помогнал на колегите во пилотската кабина и заеднички успеале да го средат дефектот. По техничкиот преглед летот бил одобрен, а утредента авионот се срушил.

 

 

Текстот Поради ист дефект се случиле две авионски несреќи во кои загинале 356 лица е превземен од Reporter.mk.