Пораките кои најбогатиот човек на светот Џеф Безос ги добил од саудискиот принц Мухамед бин Салман, би можеле повторно да го отворат случајот со убиството на новинарот Џамал Кашоги, пишуваат светските медиуми.
Безос бил мета на хакери, пет месеци пред убситвото на саудискиот новинар. Неговиот телефон бил хакиран, откако примил порака преку апликацијата WhatsApp, која му била испратена лично од бројот на Мохамер бин Салман, принцот престолонаследник на Садиска Арабија.
Пораката според резултатите на форензичката анализа, била шифрирана и содржела заразени податоци. Безос, кој е сопственик на весникот „Вашингтон пост“, каде Кашоги бил колумнист, се до 1 мај 2018, разменувал пријателски пораки со принцот, се додека не му стигнала датотека од Салман, која тој не ја побарал, дознава „Гардијан“.
Големата количина на податоци, за неколку часа била превземена од телефонот на Безос, а како што наведува Гардијан, сега засега не е познато кој податоци се превземени.
Како што е наедено во текстот, новото откритие може да доведе до повторно отворање на истрага за активностите на Мухамед бин Салман и неговите блиски соработници, пред убиството на Џамал Кашоги, новинарот на „Вашингтон пост“.
Саудиска Арабија за хакирањето на телефонот на Џеф Безос вели дека се апсурдни. Тамошните власти ги отфрлиле истите.
„Медиумските наводи кои сугерираат дека Кралството стои зад хакирањето на телефонот на господин Џеф Безос, се апсурдни. Бараме по тој повод за ваквите наводи се спроведе целосна истрага и да се утврдат фактите“, е напишано на „Титер“ профилот на саудиската амбасада во САД, пренесува „Ројтерс“.
Текстот Пораките кои ги добил Џеф Безос можат да го поврзат принцот Салман со убиството на Кашоги е превземен од Reporter.mk.