Судот во Ватикан го закажал судењето за свештеникот Карл Алберт Капели на 22 јуни. На Капели ќе му се суди за поседување детска порнографија, која била откриена во неговите домови во САД и Канада.
Во соопштението на Ватикан стои дека монсињорот Капела, кој бил уапсен во април во Ватикан кога претходно бил повлечен од свештеничката служба, наводно поседувал и разменувал голема количина детска порнографија.
Обвинетиот во моментот се наоѓа во ќелија во просториите на ватиканската жандармерија и е недостапен за изјава, пишува „Ројтерс“, дополнувајќи дека Ватикан сѐ уште не му одредил адвокат.
Скандалот претставува уште еден во низата удари за Католичката црква. Папата Франциско како нејзин прв човек се стреми да ги надмине претходните случаи на сексуална злоупотреба на малолетници.