Полицијата верува дека поранешната девојка на педофилот и осомничен за серија на убиства, Кристијан Брукнер, може да поседува важни информации за малото девојче Меди МекКејн, кое во 2007 година исчезна во Португалија.
Германката со албанско потекло, Накција Мифтари, е поранешна партнерка на Брукнер, за кого се верува дека е одговорен за исчезнувањето на четиригодишната МекКејн.
Идентитетот на поранешната девојка на Брукнер е откриен истиот ден кога високо германско официјално лице, соопштиле дека МекКејн најверојатно е мртва.
Германските валсти издале преку Интерпол потерница за апсење на Мифтари. Детективи од Британија и Германија, сакаат да го испитаат минатото на Брукнер, посебно неговиот престој во Португалија.
Брукнер, Мифтари ја однел во Португалија во 2014 година, но година дена подоцна таа била депортирана во Германија, поради криминални активности. Кога двојката се разделила, Мифтари го пријавила Брукнер во полиција поради семејно насилство.
„Таа во тој период била тинејџерка, имала само 17 години, додека тој бил многу постар од неа. Живееле заедно во стан, во Брауншвајк. Таа е многу симпатична девојка, но во еден момент се уплашила дека тој е целосно луд“, изјавил извор близок до истрагата за „Дејли Мејл“.
Германската полиција го поврзала Брукнер со исчезнувањето на шестгодишниот Рене Хасе, во Португалија во 1996 година и петгодишната Инга Герике која исчезна во Германија во 2015 година.
Брукнер е доведен во врска и со четири случаи на исчезнување на деца, како што денес соопштиле обвинителите.
Белгиските власти истражуваат дали педофилот е вмешан во мистериозното убиство на 16 годишната Карол Тице во 1996 година, која исчезнала на 5 јули 1996 година, за време на одморот со нејзините родители во одморалиштето Ден Хаг во Западна Фландрија.
Текстот Поранешната девојка на педофилот Брункер, има информации за исчезнувањето на малата Меди МекКејн е превземен од Reporter.mk.