Пожарите во Грција се подметнати

Голем број експерти сметаат дека пожарите кои наеднаш се случија во Грција се подметнати. Ваквата теорија е покрепена и со видео докази. На една видео снимка која ја направиле туристи, се гледа лице кое ги пали дрвата.

Оваа снимка од маж кој ги пали дрвата и растенијата околу него, се појавила во грчките медиуми. Непознатата личност за која надлежните се сомневаат дека е пироман или терорист, веднаш избегал во непознат правец кога ги забележал луѓето како го снимаат.

Текстот Пожарите во Грција се подметнати е превземен од Reporter.mk.