Тајлер Глокнер е теоретичар на заговор кој тврди дека открил таен хангар во планините околу „Областа 51“. Тајлер тврдел дека хангарот е изграден и наменет за вонземјански бродови.
Тајлер користејќи ја алатката на „Гугл“ ги проверувал активностите на војската на САД на тајната локација. Тој забележал три отвори скриени внатре во планините во Невада.
Тајлер видеото што го снимил го објавил на својот јутјуб-канал под името secureteam 10. Тој ги споредил своите наводи со тврдењата на еден од најценетите теоретичари на заговори, Американецот Боб Лазар.
Во 1989 година Боб во една своја изјава на телевизиска станица во Лас Вегас изјавил дека во „Областа 51“ се тестираат девет вселенски бродови. Леталата биле камуфлирани и се наоѓале во засолништето внатре во планините до местото каде некогаш се наоѓало езерото Папус.
Анализирајќи го своето откритие, Тилер тврдел дека забележал три големи отвори во хангарот за кој верувал дека се наоѓа една милја под земјата.
„Ако морам да погодувам, мислам дека ова очигледно е некој вида таен влез во оваа планина“, вели тој.
Видео е објавено на 12 декември и досега има повеќе од 29.000 прегледи.
„Утре фотографиите ќе бидат избирашни од ‘Гугл ерт’“, бил еден од коментарите под видеото.
„Ова е преголема случајност за да се смета како случајност“, пишува друг.
Текстот Преку Google Earth открил скриен хангар во „Областа 51“ е превземен од Reporter.mk.