Дигиталното доба носи многу предности на кои сме бескрајно благодарни. Но, понекогаш некои од работите кои ги цениме излегуваат надвор од контрола.
Кога прв пат ќе купиш Smart TV, сфаќаш дека работите се малку поинакви во однос на стандардниот телевизор што си го имал. Новиот уред има својства на компјутер, но сигурно не ти паѓа на памет дека те прислушува и го дели со некој она што си и го рекол на девојка ти, додека синоќа сте гледале филм.
Работите дефинитивно се променија откако телевизорите добија својства на компјутери. Tие, со помош на нтернетот можат да примаат и испраќаат податоци.
Американската Федерална Комисијата за трговија веќе подолго време го следи проблемот со приватноста кај овие уреди. Минатата година, сите уреди – паметните телевизори, уредите за стриминг, конзолите за видео игри и апликациите ги следеле навиките на своите консументи, често на тотално неприфатливи начини.
Текстот Преку паметните телевизори не прислушуваат е превземен од Reporter.mk.