Претседателот на Нигерија, Мухамед Бухари, ги негирал тврдењата дека починал и дека е заменет од страна на клон, пренесува „Си-Ен-Ен“. Тој ваквите шпекулации ги нарекол „игнорантски гласини“.
За време на посетата на Полска, Бухари на социјалните мрежи напишал дека ваквите шпекулации не се никакво изненадување и дека истото сценарио се повторило и минатата година кога бил на медицински третман во Британија и дека во тој период голем број на луѓе се надевале дека починал.
Бухари добар дел од 2017 година ја минал во Лондон, каде бил подложен на медицински третман. Во еден период тој бил надвор од земјата дури три месеци.
One of the questions that came up today in my meeting with Nigerians in Poland was on the issue of whether I‘ve been cloned or not. The ignorant rumours are not surprising — when I was away on medical vacation last year a lot of people hoped I was dead. pic.twitter.com/SHTngq6LJU
— Muhammadu Buhari (@MBuhari) December 2, 2018
Текстот Претседателот на Нигерија негира дека бил заменет од клон е превземен од Reporter.mk.