Принцезата Дајана била бремена кога умрела

Еден од најпознатите светски паталози доктор Ричард Шепард, се сомнева дека принцезата Дајана била бремена во моментите кога го загубила животот во тешката сообраќајна несреќа.

Во текот на својата кариера Шепард прегледал преку 23 илјади тела, а едно од нив било и она на принцезата Дајана, во време кога го загуби животот во трагичната сообраќајна несреќа.

Тој откри дека во моментите кога го прегледувал телото, му биле поставувани најбизарни прашања за принцезата.

„Ме прашуваа дали била убава, дали била насмеана, дали била бремена. Секогаш внимавав да не откријам ништо што веќе не беше претходно објавено“, вели доктор Шепард.

„Немаше во тој момент медицински докази дека Дајана е бремена. Но, некои жени тврдат дека од самото зачнување знаат дека се бремени, а можеби таа беше една од нив“, изјавил Шепард за Дејли Мејл одговарајќи им на фановите и новинарите кои биле заинтересирани да ја знаат вистината за бременоста на Дајана.

Паталогот откри дека Дајана би била жива доколку носела појас во автомобилот.

„Би поминала само со модрици или можеби скршена рака, доколку била врзана со безбедносниот појас“, дополни Шепард.

 

 

Текстот Принцезата Дајана била бремена кога умрела е превземен од Reporter.mk.