Принцот Чарлс не го сакал Хари за син, затоа се распаднал бракот со Дајана

Британските медиуми пишуваат дека проблемот во бракот меѓу принцот Чарлс и принцезата Дајана бил нивниот втор син, принцот Хари. Чарлс најмногу сакал да добие ќерка. Кога Дајана дознала дека повторно ќе роди син, го криела тоа од сопругот сè до пораѓањето.

Година дена пред раѓањето на принцот Вилијам, Дајана била под голем притисок дека мора да роди наследник. Во септември 1983 година Бакингемската палата соопштила дека Дајана е бремена по вторпат, но, за жал, недолго подоцна таа доживува спонтан абортус.

Во 1984 година кралската двојка дознаваат дека таа повторно е во блажена состојба. Во текот на својата бременост принцезата се пожалила на една своја пријателка дека не е во состојба да раѓа, но дека на крајот ќе се исплати.

Дајана во септември 1984 година на свет го донела принцот Хари Чарлс Алберт Давид Моунтбатен – Виндзор, по девет часа долго породување без никаква анестезија или лекови против болка. Во книгата за нејзиниот живот Дајана го опишала моментот кога му соопштила на својот сопруг дека родила уште еден син.

„Чарлс отсекогаш сакаше девојче, а кога дозна дека сум родила момче неговиот прв коментар беше ‘О, па тој е дечко. И уште има и портокалова коса’“.

Чарлс коментарите ги опишал како шега, а тоа е нешто што Дајана многу ја повредило и навредило, затоа што нејзината сестра и брат исто така имале портокалова коса, која во семејството Спенсер е наследна.

Да биде работата уште полоша, Чарлс на крштевката на Хари во декември на мајката на Дајана ѝ кажал дека сите се разочарани затоа што мислеле дека принцезата ќе роди девојче. Дајана изјавила дека никогаш не била поблиска со Чарлс како двојка недели пред раѓањето на Хари.

„Тогаш се роди Хари и нашиот брак пукна. Сè тргна низбрдо. Нешто во мене се затвори“, признала принцезата.

За ваквата состојба Дајана ја обвинила романсата на Чарлс со Камила и додала дека знае дека тој тогаш отишол кај неа, пишува PopSugar. Црвената коса на Хари ги навела многумина да се посомневаат дека неговиот татко е Џејмс Хјуит, човекот кој ги учел Дајана, Вилијам и Хари да јаваат коњи.

Подоцна беше откриено дека двојката имала афера дури две години по раѓањето на вториот принц. Желбата на Чарлс да има ќерка никогаш не го напуштила, затоа никој не бил изненаден од неговата неизмерна радост кога во 2015 година се родила принцезата Шарлот.

„Се надевав дека ќе добијам внука, некој да ми помага кога ќе остарам“, изјавил принцот Чарлс.

 

Текстот Принцот Чарлс не го сакал Хари за син, затоа се распаднал бракот со Дајана е превземен од Reporter.mk.