Принцот Ендру го угостил педофилот Епстајн во време кога кралицата била во резиденцијата

Напорите на кралското семејство да го дистанцираат принцот Ендру од осудуваниот педофил, Џефри Епстајн, кој неодамна се уби во затворска ќелија на Менхетен не вродуваат со плод. Напротив секојдневно се појавуваат се повеќе докази дека синот на кралицата Елизабета со години се дружел со Епстајн во друштво на малолетнички.

Британските медиуми откриваат дека принцот дури го угостил педофилот милијардер во кралската резиденција во Балмор, додека истовремено таму престојувала британската кралица Елизабета.

Наводно, една од девојките која се наоѓала во резиденцијата, сведочела дека принцот организирал журка во средината на 1999 година, кога Епстајн веќе на големо почнал да врбува малолетнички за забава за богати лица.

Снимен е како ѕирка низ дрвената врата на една вила на Менхетен додека се поздравува со една девојка која во тоа време ја напушта куќата вредна 69 милиони евра. За потсетување, осамна и снимка од Ендру како ја отвора вратата на Епстајн во вилата и се поздравува со една девојка.

На снимката се гледа како принцот Ендру проверува дали некој го снима од страна. Видеото е направено на 6. декември 2010 година, кога принцот бил во посетата на вилата на Епстај, која многу од жртвите ја нарекувале „куќа на ужасот“. Во меѓувреме принцот за прв пат се огласи по смртта на Епстајн со соопштение до јавноста.

„Војводата од Јорк е згрозен од неодамнешните натписи за наводните злосторства на Џефри Епстајн. Принцот Ендру осудува секаков вид на искористување на било кое човечко суштество и дека е одвратно некој да охрабрува и учествува во ваков тип на однесување“, е наведено во соопштението.

Епстајн со години подведувал и сексуално злоставувал малолетнички. Додека го чекал судењето, Епстајн се обесил во затвор. Иако се појавија голем број гласини дека во овој случај никако не може да станува збор за самоубиство, патологот објавил официјален извештај од аутопсијата, потврдувајќи дека Епстај се обесил.

На листата на неговите клиенти и долгогодишни познаници се многу познати светски личности, како споменатиот британски принц, но и поранешниот претседател Бил Клинтон и актуелниот Доналд Трамп.

Вмешаноста на моќниот политички клан Клинтон и нивното влијание, заедно со многу други моќни американски политичари, како Медлин Олбрајт и Џозеф Баден, е главната причина поради која овој гнасен злостор не само што е ставен на страна, туку и е целосно игнориран.

Но, хуманитарните напори на Клинтонови во поранешна Југославија, не минаа незабележано. Голем број лица следеа и гледаа внималтено што се случува. Една поранешна жртва, сведочела дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон бил присутен за време на сексуалните забави во кои учествувале дваесетина тинејџерки.

Настанот се лучил на остров на Карибите. Постојат снимки и докази дека Клинтон, неколку пати летал на островот со приватен авион на Епстајн. Бил Клинтон бил во блиска врска со Епстајн. бил во домот на милијардерот, а пронајдена е и негова фотографија на која поранешниот претседател е облечен во женски фустан и црвени штикли.

Додека многумина сметаат дека Епстајн, кој веќе бил осуден за педофилија е убиен во својата затворска ќелија, Бил Клинтон, но и британскиот принц Ендру останале недопрени од законот. Многумина теоретичари сметаат дека најцрните тајни на Епстајн, никогаш нема да излезат на виделина.

 https://reporter.mk/zagovor/video-britanskiot-prints-snimen-vo-vilata-na-epstajn-so-mlada-devojka/

Текстот Принцот Ендру го угостил педофилот Епстајн во време кога кралицата била во резиденцијата е превземен од Reporter.mk.