Принцот Филип нареди да ја убијам Дајана, британски агент откри на смртна постела

Осумдесетгодишниот британски пензиониран МИ 5 агент, Џон Хопкинс, за време на својата смртна посела открил дека добил наредба од своите надредени да ја убие принцезата Дајана, затоа што знаела премногу кралски тајни.

„Наредбата ја добив директно од принцот Филип. Моравме тоа да го направиме за да изгледа како несреќа. Никогаш претходно не сум убил жена, а уште помалку принцеза. Но, ја послушав наредбата. Го направив тоа за кралицата и земјата“, изјавил Хопкинс на својата смртна постела.

Пензионираниот агент откако излегол од болницата, признал низа на неверојатни убиства кои ги направил во Лондон, велејќи дека му преостанале уште неколку недели живот и дека не сака да си замине од овој свет, без да ја каже вистината.

Хопкинс тврди дека бил вклучен во 23 убиства на британската известувачка агенција, во периодот меѓу 1973 година и 1999 година, вклучувајќи го и убиството на принцезата Дајана.

На 38 годишна возраст Хопкинс вели дека работел као оперативец за MИ 5 и тврди дека службата често користела хитмен лица, за дискретно убиство на поединци кои се сметале за закана за безбедноста на Обединетото Кралство.

Обучен како инженер и експерт за стрелаштво, Хопкинс тврди дека имал големо искуство во конвенционалните методи на убивање, вклучувајќи и хемикалии и отрови.

80 годишниот британски известувач, тврди дека бил вклучен и во убиство на MИ 5 во јуни 1973 година и декември 1999 година, периодот во кој МИ 5 работел со помал надворешен надѕор.

„Бев дел од групата на седум оперативци кои правеа политички атентати низ цела Велика Британија. Повеќето од жртвите била политичари, новинари и водители на синдикатот“, вели Хопкинс.

За принцезата Дајана вели дека била единствената меѓу своите жртви која била жена и припаѓала на кралското друтшво. Таа исто така била единствената жртва која самото кралско семејство наредило да биде отстранета.

Хопкинс вели дека се чувствувал амбивалентно по прашањето на смртта на принцезата Дајана. Од една страна таа била убава, љубезна жена, која не заслужила предвреме да и се прекине животот, но според негово мислење истата таа била закана за британската круна.

„Кралското семејство имаше докази дека планира да се разведе од Чарлс. Знаеше премногу за кралските тајни. мојот шеф ми рече дека таа мора да умре. Наредбата стигна директно од принцот Филип. Моравме тоа да го направиме да изгледа како несреќа. Никогаш претходно не убив жена, а уште помалку принцеза. Но, ја послушав наредбата. Го направив тоа за кралицата и мојата земја“, изјавил Хопкинс.

Следната фаза на високо ниво на заговор, ги вклучувала и медиумите кои го одработиле својот дел од работата. Тоа било добро организирана операција. Британските новинари со уредниците одговарале пред олигарсите, кои пак сакале да се додворат и да бидат во близина на семејството на жртвата во Бакингемската палата.

„Нема слободни медиуми во Британија“, изјавил Хопкинс.

Поранешниот агент, кој ги минал своите последни недели во својот дом, изјавил дека очекува да биде притворен по неговото признание. Објаснил дека секоја истрага за аферата ќе биде тешко да се докаже. Работата е комплицирана, затоа што постојат малку записи за тајните МИ 5 активности, а повеќето од неговите колеги се  мртви.

Најважниот сведок за убиството на принцезата Дајана, шефот на Хопкинс, починал од срцев удар во раните 2000 години, а принцот Филип, се разбира, никогаш нема да биде обвинет за ништо.

„Ако принцот Филип некогаш дозволи да биде анализиран од психијатар, сигурен сум дека ќе биде дијагностициран како психопат. Ги има сите мрачни тријади“, вели Хопкинс.

Запрашан зошто не ја одбил наредбата Хопкинс објаснил дека агентите во службата се заколнуваат на лојалност на Круната и дека не можат да бидат пристрасни кога е во прашање кралското семејство.

„Во најдобар случај, ако ја одбиев наредбата ќе бев прогласен за предавник, по што животот ќе ми беше уништен“, вели Хопкинс.

 

Извор//Истиномпротивлази/Њузпанч

Текстот Принцот Филип нареди да ја убијам Дајана, британски агент откри на смртна постела е превземен од Reporter.mk.