Професорот од Оксфорд Јанг хаи Чи, во својата книга тврди дека вонземјаните постојат и дека тие имаат за цел да создадат нов вид кој треба да нè спаси од климатските промени, пишува британски „Сан“.
Чи имал воведно предавање на оваа тема во 2012 година, а сега напишал и книга за своите шпекулации под името „Посетата на вонземјаните и крај на човештвото“. Тој верува дека вонземјаните се појавуваат во повеќе видови.
Ги има од мали, високи, со змиски очи, па сè до инстектоиди, за кои Чи верува дека се главни и издаваат наредби на останатите видови. Професорот верува дека вонземјаните живеат во својот биосистем, кој луѓето не можат да го детектираат, затоа што моќта на перцепирање е ограничена.
Чи смета дека вонземјаните се појавуваат на Земјата во пресрет на големите закани, како нуклеарна војна или климатски промени. Чи верува дека тие имаат задача да решат голем број од нашите општествени проблеми.
„Тие доаѓаат не заради нас, туку заради себе, заради нивниот опстанок. Но, нивниот опстанок истовремено е и наш опстанок, опстанок на целокупната биосфера“, вели Чи.
Текстот Професор од Оксфорд напишал книга за вонземјаните, вели дека тука се да нè спасат е превземен од Reporter.mk.