Пронајдена гробница со 227 жртвувани деца

Тим на археолози пронајде остатоци од 227 деца за кои се верува дека биле жртвуани во рамки на ритуалите на претколумбиската цивилизација Ким. Оваа цивилизација која постоела на северот на Перу до крајот на 15. век, досега претставува незабележано откритие во светот, велат научниците.

„Се работи за најголемото место на жртвување на деца“, изјавил археологот Ферен Кастиљо и додал дека ископувањето почнало во 2018 година на локалитетот Пампа ла Крус во приморското одморалиште Уанчако, околу 700 километри северно од Лима.

Децата биле на возраст меѓу четири и 14 години и ритуално биле убиени и понудени како жртва на боговите Кимуа, со цел да го ублажат нивниот гнев. Оваа цивилизација ги сметала боговите за одговорни за природните катастрофи поврзани со климатскиот феномен „Ел Нињо“. Има докази дека за време на жртвувањето паѓале силни дождови.

„Каде и да копаме ќе пронајдеме некое дете, погребано со лицето кон океанот“, изјавил Кастиљо. Некои од пронајдените тела сеуште имаат кожа и коса и носат сребрени накити.

Уанчако било место каде се случиле масовни жртвувања на деца во време на царството Кимуа. Гробницата со 56 деца е пронајдена во јуни во 2018 година, во Пампа ла Крус, додека недалеку од тоа место, на локалитетот Уанчакито, во април истата година пронајдена е гробница со 140 тела на деца и 200 млади лами.

„Уанчако дефинитивно било избрано место за принесување на жртвите“, навел Кастиљо.

Царството Кимуа својот најголем достиж го доживал во периодот меѓу 900 и 1450 година, на северниот брег Перу, сè до денешен Еквадор, а крајот на истото се случил во 1475 година, кога било под власт на Инка, педесет години пред доаѓањето на првиот шпански конвистадор во Перу.

 

 

Текстот Пронајдена гробница со 227 жртвувани деца е превземен од Reporter.mk.