Првата дама на САД, Меланија, мистериозно исчезна

Поради блокадата што ја спроведува американската влада, со која сака да му се спротивстави на американскиот претседател Доналд Трамп, без помошен персонал останала и првата дама на САД, Меланија Трамп.

Таа по Божиќ се повлекла од јавноста и никој не знае што се случува со неа. Американската прва дама останала без повеќе од половината вработени во службата. Речиси три четвртини од вработените во Белата куќа не доаѓаат на работа. Во тимот на Меланија се десетина луѓе, а петмина од нив се на неплатено отсуство.

Ваквата состојба ја потврдила и застапничката на Меланија за медиумите, Стефани Гришам, велејќи дека им недостигна помошен персонал. Поради недостиг на работници, Белата куќа во моментов е затворена за јавни посети на туристи, како и за какви било настани.

Каква е состојбата во Белата куќа, може да се види и од тоа што никакви цветни аранжамни ниту украси не биле поставени за време на дружењето организирано за дочек на млади спортисти, на кои, наместо најдобар кетеринг, им била послужена нарачана брза храна.

Сепак, она што дополнително загрижува е што Меланија Трамп никој не ја видел во јавноста од 26 декември. Таа е активна само на социјалните мрежи.

Американската јавност со нетрпение го очекува нејзиното појавување, а веќе се претпоставува дека е на повидок уште еден скандал поврзан со неверниот Трамп, или повторно се појавиле проблеми со здравјето.

 

Текстот Првата дама на САД, Меланија, мистериозно исчезна е превземен од Reporter.mk.