Путин ги крие заболените од коронавирус, тврдат теоретичари на заговор

Голем број теоретичари на заговор сметаат дека станува збор за голема измама кога е во прашање бројката на заболени од коронавирус во Русија. Според нив невозможно е толкава земја, која 2600 километри се граничи со Кина, од каде потекна вирусот, да имаат толку мал број на заболени од коронавирусот.

Досега во Русија регистрирани се само 306 заболени од опасниот вирус. За разлика од Русите, Луксембург земја со 628.000 жители, имаат двојно повеќе заболени од коронавирус, вкупно 670.

Анастасија Василева, лидерот на Сојуз на лекари, со сомнева дека властите во Русија ја сокриваат реалната бројка на заболени од коронавирус, тврдејќи дека голем број случаи се претставуваат како пневмонија или акутна респираторна инфекција.

„Гледате дека соопштија дека првиот пациент со коронавирус почина и дека причината за смртта е тромбоза. Тоа е очигледно, никој не умира од самиот коронавирус, тие умираат од компликации, така што тоа е многу лесно да се манипулира“, изјавила таа.

Руските официјални служби ги демантираа ваквите наводи. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја успеала да го спречи масовното ширење на коронавирусот и дека ситуацијата е под контрола, благодарение на раните и агресивни мерки.

Дали Русија ја има коронавирусот под контрола?

Според информациите кои ги објавиле руските официјални лица, се чини дека стратегијата на Путин функционира. Бројот на потврдени случаи на заболени од коронавирусот е изненадувачки мал, ако се земе во предвид дека Русија дели долга граница со Кина и дека првиот заболен го имала уште во јануари.

Русија, земја од 146 милиони жители, има помалку потврдени случаи од Луксембург. Руските мерки на рано реагирање, како затворање на границата во должина од 2600 километри со Кина, веќе на 30. јануари и воспоставување на карантски зони, можеби допринеле за намалување на ширењето на коронаирусот.

„Генералниот директор на СЗО изјавил само: Тестирајте, тестирајте, тестирајте“, изјавила во четвртокот Мелита Вујновиќ, претставник на Светската здравствена организација во Русија и додала:

„И Русија тоа почна да го прави уште на крајот на јануари“.

Вујновиќ изјавила дека Русија покрај тестирањата предземала и широк сет на мерки.

„Тестирањето и идентификацијата на случаите, пронаоѓањето на контактите, изолацијата, сето тоа се мерки кои СЗО ги предложи и ги препорача. И тие цело време беа на сила. А социјалната дистанца е втората компонента која исто така почна релативно рано“, изјави Вујновиќ.

Според податоците на руските официјални лица, кои беа соопштени, досега во Русија се направени повеќе од 156.000 тестови на коронавирус.

 

 

 

 

 

Текстот Путин ги крие заболените од коронавирус, тврдат теоретичари на заговор е превземен од Reporter.mk.