Путин го предупредил Буш за 11 септември два дена претходно

Рускиот претседател Владимир Путин му се јавил на неговиот американски колега Џорџ Буш на 09 септември во 2001 година, за да го предупреди за можни терористички акции планирани врз САД, тврди поранешниот аналитичар на ЦИА Џорџ Биби.

Биби пишува дека Путин имал известувачки податоци за можни подготовки и припреми за терористички акции.

Тој во својата книга „Руска замка: Како нашата војка од сенка со Русија може да прерасне во нуклеарна катастрофа“, која треба да биде објавена оваа недела во САД тврди дека Путин бил првиот човек кој му се јавил на Буш по 11 септември со цел да му ја даде целата поддршка на него и неговата земја.

„Путин го побара телефонски претседателот Буш два дена пред тој напад, за да му пренесе дека руската известувачка служба наишла на сигнали дека се подготвува терористичка акција и дека истата доаѓа од Авганистан. Акцијата била планирана подолго време“, пишува Биби во својата книга.

Во архивата вести на сајтот на Кремљ постои вест за телефонски повик, објавена на 10. септември 2011 година. Во разговорот одржан на иницијатива од американската страна, станувало збор за подготовка на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка и руско-американскиот самит.

Наведено е дека Путин и Буш изјавиле дека се задоволни од интезитеотт контакти во воено-политичката сфера, економија и други области.

Џорџ Биби претходно бил на чело на аналитичното одделение на ЦИА кое се занимавало со Русија, а сега работи како потпретседател на Центарот за национални интереси во Вашингтон.

 

 

Текстот Путин го предупредил Буш за 11 септември два дена претходно е превземен од Reporter.mk.