Рускиот лидер Владимир Путин, им ги наплатил респираторите кои им ги подари на САД и кои на почетокот требеаше да бидат бесплатни. На крајот се испостави дека Америка, не само што ги плати апаратите, туку истите се покажале и како мошне опасни по животот на американските граѓани.
Руската помош и пратката со респиратори и друг вид на медицинска опрема на САД, на почетокот беше означено како гест на добра волја и начин да се започне со подбрување на токсичните односи меѓу Москва и Вашингтон, додека двете земји се борат против коронавирусот.
Но, ваквата испорака и помош, уште од почеток ја следеа голем број збрки и мешани пораки. Дали станува збор за хуманитарна помош? Дали тоа беше куп опрема, која САД беа способни, самите да ја произведат? Кој го плати сето тоа? Дали некој сватил дека руската компанија, која ги произвела апаратите, била под санкции на американското Министерство за финансии? Дали Кремљ барал пропагандна победа? Дали Путин ѝ се потсмева на Америка?
Сега се испоставило дека 45 респиратори никогаш не биле користени во САД, а некои од нив биле од оние исти модели кои предизвикале пожар и усмртиле неколку пациенти заболени од „Ковид-19“ во Русија, поради што, руските регулатори издале наредба за нивна суспензија токму во време, кога таквите машини се неопходни.
Кремљ од почетокот претставил пратката како величествен гест. Државните медиуми ја пренесуваат приказната за тоа, вклучувајќи ги и снимките од авионот Антонов, кој беше наполнето со полни кутии, со натписот „Од Русија со љубов“. Од медицинската помош стигнаа респиратори, ракавици и други санитетски материјали.
Рускиот амбасадор во САД, ја нарече оваа помош, хуманитарна мисија.
„Сигурни сме дека САД и на нас, ако е потребно ќе ни помогне, а ние ќе ја прифатиме, без никакво политизирање“, изјавил Анатолиј Антонов на „Фејсбук“.
Ден откако помошта стигна во Њујорк, американскиот претседател Доналд Трамп, го пофали рускиот колега Владимир Путин. Запрашан дали се плаши дека тоа би можело да биде сватено како пропаганда, Трамп одговори дека нималку не е загрижен за Русија и пропагандата.
Тој одговорил дека е во прашање квалитетна медицинска опрема, која ќе спаси многу животи. Но, дополнителни прашања се појавија кога американскиот Стејт Департмент, се спротивстави на руските официјални лица, велејќи дека испораката не е донација, туку за истата е платено.
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потоа потврди дека помошта всушност претставува купување, но дека Вашингтон и Москва ги поделиле трошоците.
Таа откри дека руските трошоци ги сноси Рускиот фонд за директно вложување (RDIF), државниот фонд од 10 милијарди долари, кој владата го основала за да привлече инвестиции во Русија.
Од 45 респиратори, кои биле вклучени во испораката, многу од нив ги испорачала компанијата Urlas Instrument-Engineering, фабрика во сопственост на компанијата Radio-Electronic Tehnologies Concern, или скратено KRET.
KRET е во сопственост на „Ростек“, огромен државен конголмерат, кој опфаќа некои од најпознатите руски воени и технолошки произведувачи.
И RDIF и „Ростек“, поради руското анектирање на Крим, се под санкции на американското Министерство за финансии. Портпаролот на RDIF, минатиот месец за „Радио Слободна Европа“, изјавил дека постоечките американски санкции во овој случај, не се применуваат на фондот.
Слично објаснување дал и портпаролот на Американското министерство за финансии, но исто така сугерирал дека американските власти можат да направат исклучоци од постоечките санкции во зависност од случајот.
Вредноста на вкупната испорака не ја откриле ниту САД, ниту Русија во моментот на испораката. Но, извештајот на „АБЦ њуз“, на 1. мај, изјавиле дека Русија ѝ наплатила на Америка 660.000 долари за испорака. Евиденција на залихи кои ги доставила Федералната агенција за управување на итни ситуации (FEMA), истакнала дека во испораката имало вкупно 4000 маски М-95, маски кои се користат за заштита против биолошки и хемиски агенси.
Агенцијата соопштила дека испораката вклучува и 15.000 респиратори, 30.000 хируршки ракавици и 400.000 парчиња медицинска облека и други помали предмети. Најмалку 15 респиратори биле идентификувани како Avent-M модел, додека 25 биле произведени од друг руски производител. Потеклото на други пет, не е јасно.
Користејќи ги јавно достапните ценовници, „Радио Слободна Европа“, утврдиле дека само респираторите чинеле, најмалку милион долари.
Сега се испоставило дека респираторите на крајот не се ни користени во државата Њујорк и Њу Џерзи, кои се под најголем удар на пандемијата во САД. На 20. април, американски официјален претставник, запознаен со логистиката на испораката, изјавил дека предметите не се дистрибуирани и дека стојат неискористени во магацините во градот Њујорк.
Портпаролката на FEMA Џенет Монтеси, изјавила на 12. мај, дека респираторите никогаш не биле дистрибуирани во американските болници, затоа што бројот на случаи со „Ковид-19“, во регионот е стабилизиран.
„Кривата на заразата е израмента, што значи дека тие респиратори не се потребни. Поради изобилството на мерките за претпазливост, државата ги враќа респираторите во FEMA“, изјавила таа.
Монтеси не објаснила што значи изобилство на мерки за внимателност, но од Русија стигнале вести кои укажувале на тоа дека некои респиратори не се безбедни за употреба.
Руски истражител за безбедност изјавил дека респитаротите од типот Aventa-M, по се изгледа, се одговорни за смртоносните пожари во две одвоени медицински установи во Санкт Петербург и Москва. Рускиот регулатор за здравствена индустрија, на 13. ај објавил дека наредил да се прекине со употребата на сите респитароти од типот Aventa-M, произведени по 1. април 2020 година, повикувајќи се на два пожари.
Не било јасно зошто агенцијата изјавила дека само уредите направени по 1. април, датумот на пристигнуање на руската испорака во САД, ќе бидат повлечени од употреба во земјата, ниту пак е јасно дали уредите целосно ќе се повлечат од употреба во Русија.
Текстот Путин им ги наплатил респираторите кои требаше да бидат помош за САД е превземен од Reporter.mk.