Светските медиуми пишуваат за термосот на Владимир Путин, со кој рускиот претседател се појавил на свечената вечера за време на самитот Г20 во Осака. Медиумите пишуваат дека на овој начин Путин ги исполнува препораките од руските безбедносни служби.
Со користењето на специјалниот термос кој го има вгравирано грбот на Руската Федерација, исполнети сите можни мерки за да се избегнат одредени инциденти, како можно труење или слично.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков во обид да ја смири јавноста, вели дека станува збор за обична шолја која Путин ја користи додека го пие својот омилен зелен чај.
„Ако ве интересира оваа тема, ве советувам да пребарате на интернет. Ви гарантирам дека таму можете да пронајдете многу информации за овој термос. Тука не се работи за никаква сензација. Чудно ми е како некои медиуми сега се закачија на темата на термосот“, изјавил Пескос.
Тајните термоси на руските лидери
Поранешниот кујнски шеф од Кремљ Виктор Белјајев, вели дека Путин не е првиот кој користи ваков термос за време на патувањата. Своевремено и Леонид Брежњев носел сопствен термос од кој пиел чај со млеко. Михаил Суслов од сличен таков термос го пиел омилениот чај од шипка.
„Овој термос е во состојба долго време да го одржува напитокот топол. Многу лидери имаат свои омилени пијалоци кои сакаат да ги носат со себе. Кога станува збор за Брежњев, тој не сакал чајот да му се прави од топла вода, туку ќе додадеше млеко. Сакаше чајот да го прелива со жешко млеко. Поради тоа со себе го носеше термосот со специјалниот напиток во него“, објаснува Белјајев.
Рускиот готвач ги отфрли тврдењата дека кај Путин постои страв дека ќе биде отруен, нарекувајќи ги бесмислени. „Глобал Тајмс“ пишува дека откако белиот термос на Путин стана хит на социјалните мрежи, побарувачката за овој производ на кинските онлајн сајтови пораснала абнормално.
Кинеските производители за кратко време направиле реплика на термосот на Путин, под името „Путиновиот керамички термос“. Како што пренесуваат светските медиуми, постои машка и женска верзија на овој предмет, а цената му изнесуа околу 11 долари.
Текстот Путин користи специјален термос, се плаши да не биде отруен е превземен од Reporter.mk.