Путин сака да остане вечно на власт за да ужива во милијардите

Рускиот претседател Владимир Путин има намера да остане вечно на власт за да ужива во милијарите кои ги има. Во текст кој го пишува „Њујорк Тајмс“, е наведено дека Путин успеал да направи промени во рускиот Устав и на тој начин да го продолжи своето 20 годишно владеење и по истекот на неговиот мандат во 2024 година.

Путин вешто уфрлил неколку предлози за измена на рускиот устав во својот годишен говор за државата, по што веднаш следела оставка на целата влада. Тој на овој начин успеал да ги постави темелите за вечно владеење, пишува „Њујорк Тајмс“.

Путин не сака да менува нешто во постоечкиот систем кој во целост е под негова контрола. Последен пат кога повлекол брз потег, за да го продолжи својот престој на власт, рускиот народ излезе на улица и протестираше.

Овој пат претседателот ја започна својата махинација четири години однапред, збунувајќи ги сите. Она што тој го предложил е прво во Долниот дом на Парламентот да му биде доделена моќ за изборот на министри, вклучувајќи го и самиот премиер, кого во моментов го предложува за претседател, а законодавното тело тоа само да го потврди.

Второ, Путин сака да му се забрани на претседателот да служи повеќе од два мандата (во моментов е забрана да не може да служи два последователни мандати). И трето, да му се даде власт на Државниот совет.

Путин го именуваше за премиер, човек на кој никој не се надеваше дека ќе го предложи, Михаил Мишустин, шефот на даночната управа. Мишустин се смета за компетентен за оваа функција, а истовремено не и закана за Путин. Од друга страна, тој знае голем број на тајни кои би можеле да му помогнат на неговиот шеф.

Оваа мерка која ја предложил Путин, наговестува неколку сценарија. Најизвесно е она во кое Путин ќе ја задржи контролата преку новооснованото Државно мнозинство. Неговиот наследник на местото претседател би бил деградиран, така што Путин ќе ја задржи моќта.

Предноста на овој систем би била тоа што Путин, вршејќи ја командата, би можел да го обвини премиерот за какви било недостатоци, а исто така и парламентот за именување на самиот премиер. Престојот надвор од главниот град би му овозможило на Путин да го намали работното време и да се посвети во уживање на милијардите.

Без разлика на неговите крајни намери, Путин има авторитет и популарност, да преку референдумот ги истурка уставните амандмани без сериозен отпор и навреме да го испланира следниот потег. Тоа за западот би значело дека надворешната политика на Русија нема да биде променета до 2024 година, а веројатно нема да се промени ни потоа.

 

Текстот Путин сака да остане вечно на власт за да ужива во милијардите е превземен од Reporter.mk.